150
25 shares, 150 points

Првиот модел од новото семејство електрични автомобили на Volkswagen стартува со производство кон завршетокот на следната година. Моментно е во тек завршната фаза од тестирањето на прототипите во Јужна Африка

Периодот околу католичкиот Божик е главна туристична сезона во Јужна Африка. Туристи од цел свет пристигаат во Кејптаун, да уживаат во топло време и опуштено расположение. Развојниот тим на Volkswagen исто така е таму, но заради работа.

Германците имаат големи планови со семејството модели ID. Првиот модел врз платформата за возила со електричен погон MEB ќе стартува со производство кон крајот на следната година. Продажбата ќе стартува во почетокот на 2020 година. Верно на името, „народната марка“ не претставува електричен автомобил во скапите и престижни сегменти, туку модел што спаѓа во срцето на марката, во компакт класата.

Десетина маскирани прототипи врват по патиштата околу Кејптаун, два од нив се Volkswagen ID … има и неколку примероци од Golf VIII

Во возниот парк од десетина возила на југот на Африка се наоѓаат и неколку примероци од осмата генерација на Golf, но овојпат се поважни двата маскирани прототипа од ID. Експертите во развојниот тим посебно внимание посветуваат на работата на погонската спрега и на климатизацијата на кабината.

Повеќето туристи не ги забележуваат маскираните прототипи додека уживаат во природните убавини и се релаксираат во околината на Кејптаун. Продажбата на електричниот VW ID ќе започне рано во 2020 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

Центарот на Кејптаун претставува совршена средина за тестирање, со високите температури и долгите сообраќајни застои. Внимателно се следи и температурата на новиот батериски модул, којшто е поставен меѓу оските. Уште нема официјална потврда, но се спомнува досег од околу 450 километри со едно полнење.

Процедурата на тестирање е иста секој ден – стартување, поаѓање, сопирање, забрзување на стрмни нагорнини. Инженерите не ги пропуштаат евентуалните недостатоци, што е воедно и главната цел на тест-возењата на прототипите.

Тестирањето на електричните возила е пообемно отколку кај моделите со обичен мотор

Бидејќи Volkswagen ID е првиот модел на новата електрична платформа, инженерите немаат поголеми практични искуства и тестирањата мора да се извршуваат многу подетално, отколку кај платформите за возилата со обичен погон.

Возните својства профитираат од ниското тежиште, додека 300-те њутнметри што електромоторот со 170 КС ги испорачува уште од првото завртување ветуваат и примерна возна динамика. Покрај тоа, ID ќе биде и мошне подвижен во град, меѓу другото и благодарение на кругот на вртење помал од 10 метри.

Ниското тежиште поради батеријата во подот и континуираната испорака на 300 њутнметри од електромоторот ветуваат уживање во возењето; Покрај комбилимузината, ќе се нудат и лимузина, СУВ и комби

New photo by Automedia MK / Google Photos

Платформата што прва ќе ја користи комбилимузинската верзија ќе послужи за во брз рок да се изведат и следните моделски верзии во гамата електрични модели. Со серија студиски автомобили, VW најави дека има план да понуди и лимузина, СУВ, како и комби во стилот на легендарниот Т1. Тоа ќе привлече и нов круг купувачи во марката.

Volkswagen ќе гради фабрика во Бугарија или Романија?

Volkswagen со 9,92 милиони продажби до ноември

Volkswagen T-Cross: Доаѓа СУВ-моделот на база на Polo и по цена на Golf

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
25 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *