147
37 shares, 147 points

Volkswagen додава уште еден член во моделското семејство со погон на струја ID. Концептот ID Roomzz ќе има светска премиера на салонот во Шангај и го прикажува идниот голем СУВ-модел

Едноставни форми и чисти површини се главните обележја на посебното моделско семејство ID, во коешто Volkswagen ја води новата генерација електрични автомобили. Тоа се потврдува со првото појавување пред светот на концептниот автомобил ID Roomzz. Како најава за идниот голем СУВ со погон на струја, шестиот член на семејството ID ќе има премиера на салонот во Шангај, кој се одржува од 16-ти до 24-ти април.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Концептот за голем СУВ пристига по компактната комбилимузина ID Neo, кросоверот ID Crozz, ретро-бусот ID Buzz и претставителната лимузина ID Vizzion. Како основа за сите овие автомобили служи платформата MEB, специјално развиена за возила со погон на струја од големоволуменските марки на концернот.

Автопилотот управува во Volkswagen ID Roomzz, возачот може спокојно да отспие

Деталите ќе бидат познати дури по премиерата, Volkswagen засега открива дека станува збор за возило што прикажува нови идеи во приспособливоста и практичноста на кабината, со нови можности за поставување и распоредување на седиштата, со квалитетни материјали и можности за дотерување на осветлувањето во кабината, зависно од атмосферата што треба да се постигне.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секако дека поводот за сите овие радикални проимени во кабината се направени околу автопилотската технологија, како главен момент во ID Roomzz. Сите радари, камери, ласери и компјутерски алгоритми се способни да го управуваат возилото без потреба од шофер, што значи дека станува збор за 4-то ниво на автономно возење.

Volkswagen ќе пушти 70 електрични модели во следните десет години

Volkswagen ID Buggy како повик до стартап-компаниите

Volkswagen Touareg добива осумцилиндарски дизел со 421 КС

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
37 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *