155
21 shares, 155 points

Работата на Пајкс Пик е завршена, откако електричниот Volkswagen ID.R лани постави рекорд на прочуената планинска патека. Следен предизвик беше најпознатата и најтешка тркачка патека во светот, Нирбургринг и неговиот 20,8 километарски курс Нордшлајфе. Уште еден рекорд.

Новото моделско семејство од автомобили со електричен погон на Volkswagen, коешто ќе се води како подмарка со име ID., прочуено е уште пред да стартува продажбата. Како предводник на подмарката, тркачкиот ID. R лани буквално ја испраши конкуренцијата на најтешката планинска патека во светот, на Пајкс Пик во Колорадо, САД. Падна и рекорд, амбасадорот ID-моделите на Volkswagen ја заврши тамошната мисија.

За следен предизвик сосем логично беше избрана најтешката тркачка патека во светот, Нордшајфе, како што е официјалното име на 20,8-километарскиот курс околу Нирбургринг. Во „Зелениот Пекол“ (по кумот Џеки Стјуарт, поради тоа што патеката е во густа шума) немаше конкурентски возила за Volkswagen ID.R, но затоа се возеше под притисок да се постигне најдобро време со електричен автомобил. Зад воланот беше Роман Дума, фабрички возач на Porsche. Французинот има четири победи на 24-часовниот маратон на Нирбургринг. Овојпат, Дума извозе уште побрзо, и тоа, со електричен автомобил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Стариот рекорд го постави Питер Дамбрек пред две години, со електричен Nio EP9. Новото време на ID.R е подобро за 40,564 секунди. Електричниот болид на Volkswagen со 680 КС извозе со просечна брзина од близу 207 km/h, поставувајќи го новиот рекорд на 6:05,336 минути. Тоа сепак е далеку од апсолутниот рекорд, кој го држи Тимо Бернард со Porsche 919 Hybrid Evo. Рекордот падна лани, по повеќе од 30 години откако возеше легендарниот Штефан Белоф. Хибридниот Porsche извозе 5:19,55 минути, со просечна брзина од близу 234 km/h.

Првиот модел од новото семејство електрични автомобили ID ќе има премиера во Франкфурт

Со рекордот на Нирбургринг заврши уште една фаза од подготовката на ID. моделското семејство за старт. Наесен, на салонот во Франкфурт ќе се одржи премиера на првиот модел Volkswagen ID.3, за кој воопшто не е погрешно ако се нарече „електричен Golf“.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
21 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *