за

Електричен суперспортист од Volkswagen во „Трка до облаци“

Volkswagen I.D. R Pikes Peak 3

Volkswagen почнува нова ера во мотоспортот, со претставувањето на I.D. R Pikes Peak. Овој суперспортски автомобил со моќност од 680 КС и вртежен момент од 650 њутнметри, во комбинација со тежина пониска од 1.100 килограми, ќе стартува на 24-ти јуни на легендарната ридска трка на Пајкс Пик, во Колорадо, САД. Целта е на „Трката до облаци“ да се собори рекордот од 8:57,118 минути за електрични возила.

Volkswagen I.D. R Pikes Peak 2

Шансите постојат. Спринтот од 2,25 секунди до темпо 100 е подобар отколку кај болидите во Формула 1 или Формула ЕГлавната цел при развојот на Volkswagen I.D. R Pikes Peak била да се најде најдобриот баланс меѓу капацитетот на батеријата и тежината на возилото, а не само да се извлече максимална моќност, како што е вообичаено кај тркачките возила.

Пајкс Пик ќе биде доказ за способноста на електричниот погон на Volkswagen, а ќе ги забрише и трагите од дизел-аферата

Исто како спектакуларниот тркачки болид изведен врз основа на Golf, којшто возеше на Пајкс Пик во 1985, 1986 и 1987 година, I.D. R Pikes Peak поседува два мотори. Разликата секако е во тоа што тука станува збор за електромотори со заедничка моќност од 680 КС.

Volkswagen I.D. R Pikes Peak 1

Околу 20 проценти од потребната електрична енергија се „произведуваат“ во текот на 20 километарското возење до врвот – тоа се постигнува со искористување на енергијата при сопирање, кога електромоторите дејствуваат како генератори и ја полнат батеријата.

Ромен Дума е како гаранција за победа на трката

Дел од предизвикот на Пајкс Пик е во тоа што возилата не може да се тестираат по целата должина на ридската патека. Поради тоа, тестирањата мора да се вршат на кружни патеки. Зад воланот на Volkswagen I.D. R Pikes Peak ќе се најде 39-годишниот Французин Ромен Дума. Тој е како гаранција за победа, со три триумфи на Пајкс Пик и две победи на 24 часа Леман.

Австрија му пишува групна тужба на Volkswagen

Новиот шеф на Volkswagen бара повеќе електрични автомобили

Баварци направија подобра „нова буба“ од Volkswagen

Секој втор Volkswagen се продава во Кина

Volkswagen ја раскина соработката со босанскиот добавувач

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda kamiq pretpremiera

Kodiaq, Karoq, Kamiq: Третиот СУВ на Skoda е за Кина

АДАК тест на гуми за сите сезони

АДАК Тест на гуми за сите сезони