137
19 shares, 137 points

Volkswagen може да го претвори сиот публицитет по дизелгејт во предност. Волфсбург веќе го најавува следниот електричен модел за сериско производство. Volkswagen I.D. Buzz прикажан рано годинава како концепт, станува сериски автомобил во 2022 година. Уште два модела се на списокот на чекање.

Намерите на Volkswagen да се врати легендарниот „були“ во производство се јасни веќе подолго време. Сега на престижниот собир на богатите и убавите, заедно со нивните скапоцени автомобили во калифорнискиот Пебл Бич, Volkswagen потврди дека модел базиран на концептот со електричен погон I.D. Buzz пристига во 2022 година.

Прикажан во почетокот од годинава на салонот во Детроит, концептниот I.D. BUZZ е чисто електричен автомобил. Комбито повторно го заживеа духот на иконскиот Volkswagen Microbus, превозното средство на хипиците и семејствата во 1960-те или на денешните сурфери и љубители на комбиња.

Volkswagen I.D. Buzz пристига веднаш по пазарниот старт на комбилимузината I.D

Потврден е и датумот на пристигањето на I.D. BUZZ. Комбито пристига во салоните во 2022 година, набрзо откако комбилимузинскиот I.D. ќе ја стартува својата кариера. Главните пазари се Северна Америка, Европа и Кина.

Шефот на Volkswagen, др. Херберт Дис, на собирот во Пебл Бич открива зошто потврдата за серискиот старт пристига одвај шест месеци по премиерата на концептот: „По претставувањето на светските авто салони во Детроит и Женева добивме голем број писма од купувачите кои бараа ‘молиме направете го овој автомобил’“. Пебл Бич е избран како локација за соопштување на големата вест затоа што комбито долго време е дел од животниот стил во Калифорнија. Volkswagen го враќа моделот во производство, но како електричен автомобил.

Компактната конструкција на електричната погонска спрега ветува исклучително просторна кабина

Исто како кај концептот, батериите кај серискиот модел ќе бидат вградени во подот. Поради тоа што компонентите од електричниот погон, односно електромоторот, контролната електроника и слично, не одземаат многу прсотор, возилото поседува долго меѓуоскино растојание со куси каросериски превиси. На тој начин се постигнува исклучително просторна кабина.

The Pebble Beach Concours d'Elegance ramp got a little groovy today with the all-electric Volkswagen I.D. Buzz Concept….

Posted by Pebble Beach Concours d'Elegance on Saturday, August 19, 2017

I.D. BUZZ нема да се нуди само во патничка изведба. Исто како стариот T2, новиот модел исто така ќе се нуди во товарна верзија. Од 2025 година, возилата на Volkswagen ќе поседуваат и техника за автономно возење од трето ниво. Тоа ќе овозможи ефикасна и сигурна испорака во градските центри, без грам штетни материи.

Производителот ветува дека повеќето идеи од концептниот автомобил ќе се искористат и за серискиот автомобил, меѓу другото приспособливиот распоред на седиштата и конективноста.

Погон на сите тркала, 369 КС и полнење до 80% за половина час

Првиот VW Bus се продаваше во САД со мотор со моќност од 30 КС. Во I.D. Buzz работат два електромотора со вкупно 369 КС, по еден на секоја оска. Енергијата пристига од батерија со капацитет од 111 киловатчасови, доволно за 300 милји, односно близу 500 километри. При користење брз полнач со 150 киловати, батеријата достигнува наполнетост од 80% за само половина час.

Ова е втор концепт на електричен автомобил што Volkswagen го најавува за сериско производство. Првиот е „електричниот Golf на иднината“, комбилимузината I.D. базирана врз платформата MEB, чијшто сериски старт е најавен за 2019 година. Третиот во низа е концептот I.D. Crozz, како дизајнерска вежба како електричниот погон би изгледал во кросовер. Нема да биде изненадување електричниот кросовер да доживее сериски старт пред комбито.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
19 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743