за

Volkswagen ID Buggy како повик до стартап-компаниите

Volkswagen ID Buggy zeneva

Појавувањето на ID. Buggy на штандот на Volkswagen во Женева секако дека не е само заради забава за публиката, туку тоа носи и одредена порака. Идејата е да се докаже дека преоѓањето на електричен погон не задира во суштината на легендарните видови на возила кои оставиле печат во историјата на автомобилизмот. Но, има порака и до стартап-компаниите

Како техничка основа за возилото служи фамозната електрична платформа MEB, исто како кај низа модели од повеќе марки од концернот Volkswagen што ќе почнат да се појавуваат мошне скоро. На салонот беше соопштено дека MEB ќе биде достапна и надвор од концернот, што не ја исклучува можноста дека некоја идна стартап-компанија би можела да ја купи платформата и да произведува сопствени модели врз истата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За разлика од историското баги, коешто ја користеше шасијата од буба, ID. Buggy има високоволтна батерија во целиот под. Таа испорачува енергија за електромоторот со 204 КС, кој верно на оригиналот е вграден назад. Мошне едноставно е да се изведе и погон на сите тркала, кој би бил корисен за намената на багито, со поставување втор електромотор напред.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Нема покрив, нема ниту врати, доволно е тоа што материјалите се водоотпорни. Салонската студија е двосед, но техничарите напоменуваат дека е лесно да се изведе и 2+2 варијанта. Самоносечката каросерија е изработена како комбинација од алуминиум, челик и пластика. Горната половина од каросеријата може да се одвои од основата на платформата MEB. Тоа отвора простор за работа за стартап-компаниите и каросериските работилници. Исто како на времето.

Volkswagen Touareg добива осумцилиндарски дизел со 421 КС

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

VW T-Roc R е дефинитивно Golf GTI меѓу компактните кросовери

Топ 20 Најпродавани СУВ-модели од компакт класата во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda CX-30 меѓу најпријатните изненадувања на салонот

Koenigsegg Jesko premiera zeneva

Koenigsegg Jesko е некрунисаниот крал на салонот во Женева