Bridgestone разви нова технологија за гуми со лесна конструкција, кои првпат ќе се вградат на електричниот Volkswagen ID.3. Резултат од обемниот развој е отпор на тркалање што е намален за 30 проценти и два килограми помалку суровини при производството на гумите. Технологијата наречена Enliten првпат ќе наиде на примена во сериски автомобил во гумите Turanza Eco што се развиени посебно за Volkswagen ID.3.
Во нивното понатамошно вградување во автомобили со обичен мотор, гумите ќе придонесат за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на СО2. Кај моделите со електричен погон, примената на новите гуми на Bridgestone ќе резултира со подолг досег. Заштеда се постигнува и во тежината, затоа што Turanza Eco со технологијата Enliten се за 20 проценти полесни во споредба со стандардни летни гуми од премиум производител.
Turanza Eco со технологија Enliten ќе биде достапна за Volkswagen ID.3 во димензија од 18 до 20 инчи. Во поголемите димензии, стандардно се применува и технологија за самовулканизирање B-Seat.