123
17 shares, 123 points

Волфсбург го подготвува наследникот за електричното мини Volkswagen E-Up и за неговите сестри Skoda е-Citigo и Seat Mii Electric за 2023 година. Конструкцијата на идниот ID.1 ќе го следи примерот на ID.3, до почетокот на продажбата на моделот може многу работи да напредуваат.

Volkswagen уште годинава стартува со ID.3 и со неговата СУВ-изведба ID.4, со цени колку за добро моторизиран и опремен (СУВ) модел од компакт класа, вклучувајќи ги субвенциите на понапредните пазари во електромобилноста. Но, концернот планира ценовниот праг за влез во светот на електричните автомобили да го направи уште подостапен. Актуелниот Volkswagen E-Up ги живее своите најубави времиња и за него мора да се чека и по неколку месеци за испорака. Исто беше со сестринските модели под логото на Seat и Skoda. За нив моментно се прекинати нарачките, се шпекулира дека целата продукција на батерии се резервира за E-Up. Во меѓувреме почнува да се зборува и за неговиот наследник. Тој ќе ја носи ознаката ID.1, како член на електро-семејството на Volkswagen.

Најмалечкиот електромобил од Волфсбург ќе користи сопствена платформа и ќе се појави во 2023 година. Концептот нема потреба да се менува, ID.1 ќе има кутиеста форма, пет врати, рационално искористување на просторот и релативно голема кабина, а мали габарити, совршен за град. Стилот ќе се раководи според ID.3.

Исто како што ID.3 е развиен само за електричен погон, така и ID.1 ќе се нуди само во верзија со погон на струја, без паралелно да се развиваат варијанти со обичен мотор. Според извршниот директор на Volkswagen, Ралф Брандштетер, модуларната платформа за електрични возила MEB се произведува за 40% поевтино во споредба со електричен автомобил што ги дели каросеријата и дел од техниката со автомобил со обичен погон.

ID.1 ќе користи батерии со капацитет меѓу 24 и 36 kWh. Ако се земе предвид напредувањето на батериската техника дотогаш, може да се очекува досег меѓу 200 и 250 километри. Во случај основната изведба да се опреми со трифазен полнач полнач, мини-електромобилот ќе може да постигне 80% наполнетост за нешто повеќе од еден час на ѕиден полнач со 22 kW.

Се претпоставува дека Volkswagen ќе цели на стартна цена под 20.000 евра, не сметајќи ги субвенциите, кои моментно во Германија достигнуваат 9.000 евра. Тоа би значело дека ID.1 за домашниот пазар би бил достапен за само 11.000 евра.

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември
Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

123
17 shares, 123 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *