158
23 shares, 158 points

Исто како да почнало ново сметање на времето. Електричен автомобил постави рекорд на легендарната планинска трка Пајкс Пик. Мала е веројатноста дека рекордот на Volkswagen I.D. R во иднина ќе го собори автомобил со обичен мотор

Пулсот се забрзува само од помислата за тоа што треба да се совлада до врвот на 4.300 метри. Висинска разлика од 1.400 метри, 156 свијоци и должина од 20 километри. Заштитна ограда не постои, но затоа претрчуваат диви животни, се вози буквално по работ над провалија, а времето може да се сврти за 180 степени за само една минута.

Сето тоа е причина зошто трката Пајкс Пик го привлекува вниманието уште од 1916 година и зошто учесниците се гледаат како херои. Но, отсега има еден херој што е поголем од останатите. Ромен Дума, возачот во трки на издржливост и победник на Леман и Нирбургринг, првпат успеа со електричен автомобил да победи во генерален пласман на оваа патека, во Карпестите Планини во САД.

Тимот на Volkswagen беше сигурен дека ќе постави нов „електричен рекорд“

Дума прв извозе под осум минути. Историското време изнесува 7:57,148 минути. Тоа е побрзо од кој било друг електричен автомобил досега, и многу поважно, побрзо од кој било друг автомобил, што значи и од монструмите со мотори со внатрешно согорување кои досега владееја со патеката.

Volkswagn I.D. R Pikes Peak Dumas 1

Досегашниот „електричен“ рекорд изнесуваше 8:57,118 минути. Тоа е безмалку една минута разлика, толку беше брз Volkswagen I.D. R. Но, во тимот од Волфсбург знаеја дека овој рекорд ќе биде соборен. Нивната цел беше времето од 8:13,878 минути, коешто деветкратниот рели шампион Себастијан Лоеб го постигна со Peugeot во 2013 година. Volkswagen имаше цел да постигне време меѓу 7:48 и осум минути.

Пајкс Пик го потсеќа Дума на германскиот класичар и најтешка тркачка патека во светот, Нирбургринг и Северниот Јазол

Помали проблеми со видливоста и со сопирањето пред свијоци му одзедоа неколку секунди на Дума. За предизвикот во Колорадо, тој рече: „Патеката ме потсеќа на Северниот Јазол на Нирбургринг. Но, поопасна е. Дума победи на германската патека во 2014, 2015 и 2016 година, со Norma RD Limited.

Volkswagn I.D. R Pikes Peak Dumas 7

Секако дека заслуга има и самиот автомобил. Volkswagen I.D. R е петметарска тркачка машина, тешка точно 1.100 килограми и со каросерија што создава повеќе потисок отколку што тежи возилото. За спринтот од 2,25 секунди до темпо сто се впрегнуваат 680 КС и 650 њутнметри.

Електричниот погон на тркачкиот VW има сосем различни приоритети од сериските електромобили

Батеријата од 43 киловатчасови беше речиси празна кога возилото мина низ целта. Една петина од потрошената енергија беше добиена со рекуперација на енергијата при сопирањето на патот кон врвот. Полнењето на батеријата трае само 20 минути, затоа што така наложуваат правилата. Очигледно е дека приоритетите кај електричниот погон за трка се разликуваат од оние кај сериските автомобили со погон на струја.

Електричните автомобили имаат предност на Пајкс Пик. Обичните мотори постигнуваат само 70% од моќноста на 2.862 метри, колку што е висината на стартот. На целта на 4.300 метри остануваат само 60 проценти. Причината е во тоа што на поголеми висини се разретчува воздухот. На електрмоторите и батериите не им е потребен воздух.

Volkswagen подготвува трио модели со електричен погон, коишто ќе го сочинуваат семејството I.D. Оттаму и ознаката I.D. R на тркачкиот автомобил. На снимките се слуша како тркачкиот Volkswagen јури по патеката со вклучена сирена на американска противпожарна екипа. Причината за тоа: Електричниот погон е многу тивок, сирената требаше да ги држи дивите животни подалеку од патеката.

Volkswagen I.D. R

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
23 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743