за

Volkswagen Golf VIII уловен при фото-сесија во Шпанија

фолксваген голф 8 мадрид
фолксваген голф 8 мадрид

Volkswagen планираше да ја задржи тајноста околу осмата генерација на Golf до салонската премиера, но како и за бројни други модели претходно, „премиерата“ се случи однапред и непланирано. Мадрид е локацијата кадешто се прават фабричките фотографии и видеоснимки од новиот модел. На еден француски форум веќе се појавија неколку фотографии на коишто се гледа основната линија на новиот модел.

На осмата генерација на Volkswagen Golf воопшто нема да ѝ биде лесно. Европскиот број 1 мора да се докаже пред острата и комплетно освежена конкуренција, почнувајќи од Toyota Corolla до Ford Focus, а дополнително ќе мора да се избори за своето почесно место и во сопствениот концерн. На салонот IAA во Франкфурт, Volkswagen ќе одржи светска премиера на ID.3, електричнот пандан на компактниот класичар од Волфсбург.

Електромобилноста напредува дури и подобро од најоптимистичките очекувања, но ќе мине уште долго време додека Volkswagen Golf почне да трпи „штета“ од тоа што купувачите ќе се префрлуваат масовно на електричниот ID.3.

Судејќи по блондинките на фотографиите од сесијата во Мадрид, Volkswagen очигледно планира да го прикаже новиот модел во малку поинакво светло од досега. Се поставува и прашањето, дали Волфсбург вооошто планираше да го задржи во тајност конечниот изглед на новиот модел, затоа што фото-сесијата се случува во шпанската престолнина во екот на туристичката сезона. 

За техниката на Golf VIII веќе објавивме веродостојни информации.

https://www.instagram.com/p/BzdJVX3iiJg/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid

Mazda ја зголемува продажбата во Европа додека целиот пазар се движи удолу

трамп царини автомобили

Трамп само се шегувал за 25% царина за Mercedes и BMW