за

Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС, стартот се ближи

Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС
Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС

Во понудата од моделски изведби на Golf 8 секако дека нема да недостига „убер-голфот“. На мрежата се појавија фотографии што го прикажуваат идниот Golf R целосно без маска, како навестување дека претставувањето на моделот е многу блиску.

Во предвечерието на салонот што требаше да се одржи во Женева, во март годинава, Volkswagen го најави спортското трио во новата генерација на Golf. Покрај класичниот GTI и неговиот дизел пандан GTD, Волфсбург истовремено го претстави и плагин-хибридот GTE со 245 КС. Тој досега го претставуваше врвот во гамата на Golf 8, во поглед на моќноста. Но, GTE ќе мора наскоро да го препушти тронот на Golf R. Врвната спортска изведба моментно се појавува во редовен сообраќај, без какво било маскирање.

Многу вести од Volkswagen се однесуваат на буквата R во последниов период. Волфсбург прво го претстави Arteon R, како вистинска спортска изведба во гамата на знаменосецот и во рамките на освежувањето на моделот, а потоа додаде и верзија R во гамата на новиот Tiguan пред неколку денови.

Моторот што ќе се вградува во овие два модели веројатно ќе се користи и во новиот Golf R. Тоа значи дека врвната верзија на компактот ќе располага со дволитарски TSI, со 320 КС и вртежен момент од 420 њутнметри. Претходникот дојде до 310 КС и 380 њутнметри. Погонот на сите тркала 4Motion секако ќе биде стандард во „R“. Доколку се следи примерот од Arteon R и Tiguan R, тоа значи дека назад ќе функционира променлива распределба на вртежниот момент меѓу двете тркала. Преносот на сила ќе се врши преку 7-степен менувач со двојна спојка.

Освен во погонската спрега, инженерите на Volkswagen ќе интервенираат посебно и во подвозјето, односно ќе постигнат уште поголема директност во управувањето, заедно со уште помоќни сопирачки. Надвор следат поагресивни браници напред и назад, заедно со масивен спојлер на покривот. Од тоа што се забележува на фотографиите, назад има по две издувни цевки на секоја страна. Повеќе детали ќе следат наскоро.

>>> Убаво е да се вози Volkswagen: Комби изведба од Arteon

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0

Во мај продадени 274 нови автомобили во Македонија

Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма

Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма