132
18 shares, 132 points

Volkswagen поставува главен нагласок на новото дигитално искуство во новиот Golf. Но, осмото поколение на моделот не ги напушта традиционалните вредности.

Волфсбург ветува врвна управливост и возни својства кај Volkswagen Golf 8, во комбинација со директно и прецизно управување. Сега се јави и ABT Sportsline, со првите производи за тјунирање што се конструирани посебно за германскиот компакт.

Уште од првата генерација на Golf во средината на 1970-те години, баварскиот специјалист тјунирање имал комплетна понуда за секоја генерација на овој модел. Некои работи не се менуваат, на пример спуштањето на каросеријата отсекогаш било првиот чекор на секое тјунирање. Специјалните пружини од ABT ја спуштаат каросеријата меѓу 25 и 30 милиметри, зависно од моторот и моделската изведба на Golf. Тоа води кон подобрена управливост, но му дава и поспортски изглед на возилото. Комплетот пружини може да се користи и за изведбите што се опремени со приспособливо подвозје (DCC).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Спуштањето води кон следниот чекор, а тоа е новата серија бандажи од најголемиот тјунер за Volkswagen и Audi во светот. Серијата во почетокот ја сочинуваат три дизајни на бандажи. Сребрениот ABT ER-C се нуди со пречник од 18 или 19 инчи, со гуми со димензија 225/40 R18 или 225/35 R19. Елегантните FR-C имаат црна основа и дијамантски финиш, а се достапни само во верзија од 20 инчи, со гуми 235/30 R20. Истите димензии важат и за динамичните ABT Sport GR, повторно со дијамантски финиш, но со мат црна основа.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тоа е само почетната понуда на ABT. Во текот на летото ќе бидат понудени и китови за зголемување на моќноста за бензинците и дизелите. Сите опции е најдобро да се погледнат на конфигураторот на тјунерот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *