за

Среќен роденден, Golf

volkswagen golf I

Volkswagen Golf, најпродаваниот автомобил од европска продукција, наполни 45 години. На 29-ти март 1974 година, во фабриката на Volkswagen во Волфсбург беше одбележан почетокот на производството на бестселерот на германската марка.

Во тие денови, никој во врвниот менаџмент на марката не насетуваше дека наследникот на легендарната буба ќе достигне продукција од преку 35 милиони примероци и ќе се произведува во седум моделски генерации.

Откако започна производството пред 45 години, чисто математички, секој ден и на секои 41 секунди се потпишувал по еден купопродажен договор за Golf ширум светот. Во просек, годишно се продавале околу 780.000 примероци.

На првиот Golf му беа доволни 50 КС; Во зафатнината нема голема разлика, на денешниот му е доволно 1,0 литар за 115 КС

Првата генерација беше достапна во каросериски изведби со три и со пет врати, со багажник со зафатнина од 300 литри. Под хаубата во почетокот работеше 1,1-литарски четирицилиндарец со 50 КС, со когошто Golf постигнуваше крајна брзина од 140 km/h. Посилната изведба со 1,6-литарец со 70 КС имаше за 20 km/h повисока крајна брзина. Со доплата беше достапен автоматски менувач со три степени, во замена за стандардниот мануелен менувач со 4 степени.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW серија 3 промоција

Влатко Стефановски со музичко лого за серијата 3 на BMW

Дански шаторски приколки

Данска фирма 50 години произведува шаторски приколки