за

Што предвидува соработката меѓу Volkswagen и Ford?

Што предвидува соработката меѓу Volkswagen и Ford
Што предвидува соработката меѓу Volkswagen и Ford

Концернот Volkswagen ќе ја продлабочи соработката со Ford, како што беше најавено лани. Надзорниот одбор во Волфсбург даде одобрение за планираните заеднички проекти.

Volkswagen и американскиот производител Ford ќе развиваат заеднички проекти во подрачјата на електромобилноста и во автономното возење, како што беше најавено уште лани. Надзорниот одбор на концернот од Волфсбург неделава даде одобрение за отпочнување на соработката. Плановите се готови, но договорите уште не се потпишани.

Во првите чекори се предвидува соработка во подрачјето на доставните возила и во електричниот погон. Ford на европскиот пазар ќе нуди електричен автомобил што ќе ја користи платформата MEB на Volkswagen, односно истата техника како ID.3 или Skoda Enyaq. На Американците им се потребни возила со електричен погон во понудата од модели во Европа, за емисијата на СО2 да се донесе под лимитот што го поставува Комисијата на ЕУ. Развојот на сопствен електричен погон им е прескап, поради тоа се влегува во соработка со Volkswagen. Од друга страна, германскиот концерн има вложено милијарди евра во платформата MEB и соработката со Ford ќе му овозможи побрзо да ја врати инвестицијата.

Се договара и наследник за пикапот Amarok. Американскиот партнер има големо искуство во тоа подрачје. Ford развива пикап со средна големина, кого што Volkswagen ќе го користи како основа за свој модел и ќе го нуди на одредени пазари.

Развојните трошоци се намалуваат кога ќе се поделат на поголема продукција на заеднички развиените возила од двете марки, тоа е основната идеја на соработката

Партнерството вклучува и развој на уште два доставни модели од различни класи. Volkswagen ќе биде задолжен за развојот на градско доставно возило, помало од Caddy, додека Ford ќе работи на транспортер во сегментот со носивост до еден тон. Според Херберт Дис, шефот на концернот од Волфсбург, двата автомобилски џина се премали за сами да развиваат лесни доставни возила. Соработката ќе овозможи намалување на развојните трошоци, затоа што истите ќе се распределат на поголем број продадени возила.

Volkswagen најави и дека ќе инвестира во фирмата Argo AI, којашто е специјализирана за автономно возење и се води како фирма ќерка на Ford. Според првичниот договор, инвестицијата во оваа компанија треба да се комплетира до крајот на месецов.

Што предвидува соработката меѓу Volkswagen и Ford

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota hilux 2020

Кога во Toyota работи дизел, тогаш е Hilux: Новини кај пикапот

Клубот АДАК ѝ призна врвна штедливост на Skoda Octavia 1.5 TSI

Клубот АДАК ѝ призна врвна штедливост на Skoda Octavia 1.5 TSI