за

Сите 16 фабрики на марката Volkswagen се активни од денес

Сите 16 фабрики на марката Volkswagen се активни од денес
Сите 16 фабрики на марката Volkswagen се активни од денес

Од денес продолжува со работа и фабриката на Volkswagen во Пуебла, Мексико. Тоа значи дека сите 16 фабрики ширум светот, во коишто се произведуваат автомобили од марката Volkswagen, од денес се целосно активни.

Фабриките на Volkswagen во Германија и во Европа мируваа околу шест недели поради корона-кризата, додека фабриките во Јужна Америка паузираа десет недели. Прекинот во производството траеше најдолго во Мексико, во Пуебла, кадешто лентите мируваа единаесет недели.

Прва стартуваше со производство фабриката во Цвикау, кадешто работниците се вратија на 23-ти април. Моментот на повторниот старт имаше и посебна симболика, затоа што првиот автомобил што VW го произведе по прекинот поради корона е електричниот ID.3. Пет денови подоцна следеше и најголемата фабрика на концернот, Волфсбург. Работат повторно и сите фабрики во Кина.

Производствениот капацитет се разликува од една до друга фабрика. Во просек, сите фабрики работат со 60 до 70 проценти од капацитетот со којшто работеле пред корона-кризата.

Највисок приоритет при повторното стартување со производство е ставен на здравјето на работниците. Компанијата разработи план во 100 точки за максимална здравствена заштита на вработените. Овој план веќе се применува како индустриски стандард од други компании и организации.

Volkswagen направи планот да биде достапен јавно и истиот во меѓувреме е преземен повеќе од 120.000 пати од добавувачите и од останатите компании во мрежата. Во главната фабрика на целиот концерн, во Волфсбург, заштитните мерки неодамна беа спуштени од најстрогото Ниво 1 на првото поблаго Ниво 2. Планот предвидува вкупно четири нивоа.

Македонскиот тим на Volkswagen, компанијата Порше Македонија, исто така ја докажа врвната организираност и способност, откако уште во најраната фаза по прогласувањето на пандемијата воведе заштитни мерки, со цел максимално да го заштити здравјето на клиентите, на вработените – секако и сопствениот бизнис. Покрај тоа беа воведени и иновативни начини на продажба и на сервисирање.

Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување
Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

Lexus IS од планетата на такуми-мајсторите, нова генерација

Lexus IS од планетата на такуми-мајсторите, нова генерација