Концернот Volkswagen планира изградба на фабрика за автомобили од повеќе марки во Источна Европа. Но, прво ќе се прави процена дали некоја од постоечките фабрики за мотори може да се пренамени во фабрика за автомобили. Електричниот погон донесе многу промени во браншата
Нова фабрика на Volkswagen или решение за старите фабрики? Менаџментот на автомобилскиот гигант бара реализација на планот за изградба на фабрика за повеќе марки од концернот Volkswagen во Источна Европа. Прво ќе се анализира дали е подобро решение да се интервенира во постоечките фабрики, место да се инвестира во нова локација. Тоа може да биде случај со фабриката за мотори во Залцгитер, во полското Полковице или во Ѓер, Унгарија. За изградба на нова фабрика би се решавало во ноември 2019 година, кога надзорниот одбор на Volkswagen ќе ја одржи следната седница за планирања. Како можни локации се спомнуваат Бугарија или Романија.
Фабриките за мотори повеќе нема да произведуваат со полн капацитет, Volkswagen преоѓа во ерата на електромобилноста
Фабриките за мотори се под силен притисок, затоа што моментно се вложуваат огромни суми во електричниот погон. Volkswagen го следи општиот тренд во браншата и се префрлува на електромоторите, чиешто производство е поедноставно и побрзо во споредба со моторите со внатрешно согорување. Тоа не значи друго, освен намалување на бројот на работни места.
Најголемиот производител на автомобили во светот, во средината на ноември најави дека во следните пет години ќе ги зголеми инвестициите во електромобилноста, автономното возење и дигитализацијата на 44 милијарди евра. Од тоа, дури 30 милијарди се наменети за електромобилноста. Шефот Херберт Дис тогаш најави дека производството на Skoda Karoq и Seat Ateca треба да се пресели во нова фабрика за повеќе марки, за којашто се бара локација во Источна Европа,
Поради слабата продажба на Passat, фабриката во Емден произведува со половина капацитет
Skoda во меѓувреме произведува со полн капацитет во сите свои фабрики и шефот Бернхард Мајер уште пред повеќе месеци посочи на потребата од нова фабрика. Концернот сепак нема да пристапи кон изградба на нова фабрика само за чешката марка, туку за повеќе марки. Пред да се донесе решение за тоа, менаџментот ќе процени дали е подобро некоја од фабриките за мотори да се пренамени во фабрика за автомобили.
Volkswagen неодамна најави дека освен во Цвикау ќе произведува електрични автомобили и во Хановер и Емден. На тоа следеше и објава дека фабриката во Емден ќе престане со производство на модели со мотори со внатрешно согорување во 2027 година.
Проблемот со слабата ефикасност во оваа фабрика ќе се надмине со преземањето на производство на електрични автомобили, со што годишната продукција ќе се зголеми на максималните 300.000 возила. Од 2023 година, во Емден ќе се произведуваат до пет модели од трите марки Volkswagen, Skoda и Seat. Овие големи промени се случуваат поради драстично смалената продажба на Passat. Пазарот се помалку се интересира за традиционалниот модел на Volkswagen и досега неколкупати беше прекинато производството во фабриката во Емден. Поради тоа, производството на Passat ќе се пресели во Чешка.
Volkswagen со 9,92 милиони продажби до ноември
Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија
Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline
Volkswagen T-Cross: Доаѓа СУВ-моделот на база на Polo и по цена на Golf