за

Volkswagen ќе пушти 70 електрични модели во следните десет години

Volksswagen grupacija elektro najava

Групацијата Volkswagen ги менува плановите. Место 50, во следните десетина години ќе бидат пуштени близу 70 модели со електричен погон. Волфсбург очекува да продаде повеќе од 20 милиони електрични автомобили до крајот на следната декада.

Групацијата Volkswagen ќе има важен удел во претстојните промени во начинот на којшто ги користиме автомобилите, како и во масовното преоѓање на погон на струја. Место најавените 50 нови електрични модели, кои треба да се појават на пазарот во следните десет години, германскиот концерн додава уште 20 модели. Тоа ќе резултира соодветно со очекувана продажба од 22 милиони електрични автомобили до крајот на следната декада.

Согласно париската климатска конвенција, Volkswagen до 2050 година ќе постигне апсолутно неутрален СО2-баланс, вклучувајќи го производството, па дури и канцелариското работење. Планот се засновува врз три темели: Ефективна и одржливо смалување на емисијата на СО2, преоѓање на енергија од обновливи извори и надомест за емисијата што не може да се избегне.

По 20.000 нарачки за Audi e-tron и за Porsche Taycan; вистинскиот продажен бум ќе следи дури со стартот на ID-фамилијата

Во електрификацијата на погонската спрега се вложуваат повеќе од 30 милијарди евра до 2023 година. Уделот на возила на струја во групацијата ќе се зголеми на најмалку 40% до крајот на следната декада. Audi e-tron веќе се произведува, а стартуваа и испораките, за уште во текот на годинава да следи и вториот целосно електирчен модел, Porsche Taycan. За секој од нив веќе се добиени преку 20.000 нарачки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште позначајно ќе биде зафаќањето во масовниот пазар, откако ќе почнат да се појавуваат модели врз основа на електрилчната платформа MEB. Прв е Volkswagen ID One – односно вистинскиот електричен Golf, кога би можело култниот модел преку ноќ да се замени со нешто радикално како „One, потоа следи кросовер изведба во стилот на концептот ID Crozz, па сериска реализација на премиерата Seat el-born од Женева, на Skoda Vision E, комбито ID Buzz и на престижниот ID Vizzion.

Батериите ја чекаат следната револуција – со електролит во цврста состојба

Батериите ќе пристигаат од партнерите LG Chem, SKI, CATL и Samsung, но паралелно ќе се разгледува и можност за локално производство во Европа. Се работи и на следната тенолошка еволуција, на батерии со цврст електролит, кои нудат многу предности во споредба со денешните литиум-јон батерии. Индустриското производство на новите батерии се разработува со партнерот QuantumScape.

skoda vision iv salon zeneva

Многу се очекува и од цената, нашироко се шпекулира дека основната изведба на ID One, со помал капацитет на батерија (по пример на Tesla, Nissan Leaf) ќе чини околу 19.000 евра. Активно се работи и на поставување 400 станици со брзи полначи по европските магистрали до 2020 година, заедно со Ionity. За домашни полначи, тука е новата подружница Elli (Electric Life). Струјата до полначите исто така ќе ја произведува Volkswagen, од обновливи извори, засега достапно само за германските возачи.

Германската пошта ќе произведува електро-комбиња и за други фирми

Жителите на Варшава добиваат 500 електрични возила за кусо изнајмување

Шпанија со 45 милиони евра субвенции за електрични возила

Пет илјади дилери на Volkswagen на обука за електрични автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG Petronas volan F1

Колку функции има волан во Формула 1

Mitsubishi anglija dizajn dileri

Англиски дилери на Mitsubishi дизајнираат L200 по сопствена замисла