160
22 shares, 160 points

На 23-ти декември 2014 година, извесен Јурген Бојмер станува прв сопственик на e-Golf во Германија. Електричниот автомобил во меѓувреме извозе солидна километража, без какви било проблеми, со минимални трошоци за одржување и, во овој случај, без потрошено евро за струја за полнење на батеријата.

За четири и пол години, Јирген Бојмер мина 111.111 километри со првиот продаден електричен Golf во Германија. Овој Германец на 53-годишна возраст го купил Volkswagen e-Golf ден пред католички божик, по цена од 36.000 евра.

Овој Golf на батерии оттогаш е дел од возниот парк на фирмата на Бојмер, којашто е специјализирана за грејна и соларна техника. Од предградитето на Оснабрик, со електричниот Volkswagen се покрива радиус од 50 километри, со околу 3.500 клиенти.

Наутро за време на доручокот се решава кој ќе го вози e-Golf дента: Правилото е, таа или тој што има најмногу за возење, го добива возилото

Бојмер раскажува за причините да се реши толку рано за необичната погонска техника: „Отсекогаш возам Volkswagen, меѓутоа кога првпат се појави e-Golf, едноставно морав да го купам. Новата техника ми е слабост.“ Сопругата Анет, ќерката Сара и двајцата синови Јаник и Робин првично се сомневале околу досегот на возилото, за што таткото на фамилијата тогаш им ветил дека ќе ги врати доколку се испразни батеријата. Тоа досега се нема случено. „Денес сите се туркаат први да го земат e-Golf.

За редовно сервисирање на e-Golf досега се потрошени само 350 евра; Нема моторно масло, филтри…

Електричниот компакт се вози најчесто од возниот парк што се состои од 11 автомобили. Бидејќи моделот е од раната продукција, со полна батерија може да се извозат меѓу 100 и 150 километри, но тоа досега не претставувало проблем, затоа што до клиентите има пат од најмногу 50 километри.

Досега се нема случено e-Golf да остане на пат, затоа што клиентите и градилиштата се оддалечени најмногу 50 километри

Струјата за полнење на батеријата практично е бесплатна, затоа што фамилијата Бојмер ја користи енергијата произведена од фотоволтаичките панели на покривот на куќата. Во зимо, за тоа се користи сопствената термоблок-централа.

Кај е-Golf најмногу се цени тивката работа и моќното забрзување, но и просторноста на кабината и багажникот, кои се практично исти како кај верзиите на Golf со обичен погон. Редовното сервисирање, за четири и пол години чинело само 350 евра. За споредба, за автомобил со мотор со внатрешно согорување во истиот период би се потрошиле околу 1.000 евра.

На помладите членови во фамилијата најмогу им се допаѓа тоа што e-Golf стандардно доаѓа со врвна опременост, а тоа значи и со квалитетно озвучување. Таткото Бојмер открива дека ниту во зима нема проблеми со досегот на батеријата, иако го вклучува греењето, пушта радио и вози со вообичаена брзина.

По препорака од Јирген, двајца пријатели купиле e-Golf

Полнењето на батеријата трае пет часови. Сите возачи практикуваат да го приклучат автомобилот на полнач веднаш по пристигањето на паркингот пред куќата. На тој начин се овозможува возилото секогаш да биде подготвено за следната тура.

Наскоро може да се придружи уште еден автомобил на струја. Заштедата во трошоците за возење и сервисирање е огромна

Заштедата што ја носи погонот на струја во иднина ќе се вложи во нови автомобили на струја во службениот возен парк на Бојмерови

Трошокот за дизел за сите возила изнесува 1.000 евра месечно, што значи 12.000 евра на годишно ниво. Господин Бојмер планира наскоро да купи втор автомобил на батерија. Можно е тоа да биде модел од семејството ID., кое стартува веќе наесен, со ID.3 кој практично го заменува e-Golf. Олеснување доаѓа и од државата, којашто го субвенционира купувањето возила на струја. Во 2014 година, тоа не било случај.

Според Бојмер, електричната енергија е „златото“ на нашиот век.

Електро-субвенции : Од 2.300 евра во Холандија до 11.500 евра во Романија

Електричната Honda ќе вози на Фестивалот во Гудвуд во јули

Volkswagen ID.R постави „електричен“ рекорд на Нирбургринг

Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
22 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *