за

Доставните комбиња на Volkswagen не знаат за пауза во време на криза

Доставните комбиња на Volkswagen не знаат за пауза во време на криза
Доставните комбиња на Volkswagen не знаат за пауза во време на криза

Германските сервисери за доставните возила на Volkswagen раскажуваат за предизвиците со коишто се соочуваат, во време кога за дистрибуцијата на производи и службите нема одмор.

Сите стануваме многу повеќе свесни во овие денови, за тоа колку навистина ни е значајно целосното залагање на медицинските лица во надминувањето на кризата. Истото важи и за бројни други професии и дејности, за коишто јавноста обично не може веднаш да се сети дека и тие се изложени на посебни предизвици. Токму за тоа нé потсетуваат од сервисната мрежа за доставните возила на Volkswagen во Германија.

Таму мрежата ја сочинуваат повеќе од 1.500 овластени сервисни работилници. Во време на корона-пандемијата, работат речиси 100 проценти од нив. Мора да се обезбедат редовно сервисирање и поправки на Transporter, Caddy, Crafter и Amarok на клиентите. Голем дел од возилата се во служба на полицијата, пожарникарите, брзата помош и на многубројните служби за помош на граѓаните. Особено сега е важно овие возила да бидат во топ-состојба, затоа што неретко животот зависи од тоа.

Една работна позиција останува празна, заради почитување на безбедното растојание

Од германската сервисна мрежа на Volkswagen испраќаат фотографии кои сведочат за условите на работа во овие вонредни времиња. Конкретно станува збор за сервисниот центар Геснер & Јакоби во градот Хановер. На дигалка се поставени Caddy од служба за нега на болни и Transporter на брзата помош. Навидум вообичаена слика.

New item by Automedia MK / Google Photos

Но, така е само на прв поглед. Директорката на центарот, Дагмар Јакоби, појаснува: „Секој ден во сервисот ни пристигаат релевантни клиенти, од служби за нега до брза помош, такси и мали бизниси.“ Клиентите ги услужува тим од десетмина механичари и практиканти, заедно со три лица на приемот во сервис. Нивната работа сепак се одвива во вонредни услови: „Една позиција за возило се остава празна и не се работи рамо до рамо како порано, туку со неопходното растојание и со дополнителни хигиенски мерки.“

Два тима работат преку еден ден, во смени од по девет часови

Додека приватните клиенти се ретки, работата со деловните клиенти и институциите се одвива со истото темпо. Се работи во две скусени смени. Персоналот е поделен на два тима, со тоа што секој тим работи преку еден ден, во смена од девет часови. Тимот на црвените работи во понеделник, среда и петок, тимот на сините работи во вторник, четврток и сабота. На овој начин подобро се заштитува и здравјето на вработените.

New item by Automedia MK / Google Photos

За целата мрежа од преку 1.500 овластени сервисни работилници за доставните возила на Volkswagen, да биде снабдена со резервни делови, се грижат седум дистрибутивни центри ширум Германија. На тој начин се гарантира дека возилата на полицијата, пожарникарите, брзата помош, сервисните служби, негувателите и комуналните служби ќе бидат во целосна функција.

New item by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Caddy e „голфот“ меѓу доставните возила

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

технички преглед британија одложен

Британија го одложи техничкиот преглед на возила за 6 месеци

Кампери масовно си заминуваат од Шпанија

Кампери масовно си заминуваат од Шпанија