170
22 shares, 170 points

Херберт Дис, првиот човек на Volkswagen, се надева дека неговата компанија ќе ја мине кризата со „модро око“. Сé зависи од тоа колку долго фабриките и пазарот ќе останат во мирување.

Шефот на концернот Volkswagen, Херберт Дис, цени дека кризата околу корона може да мине со незначителни губитоци. Од времетраењето на „шатдаунот“ во актуелната пандемија зависи дали концернот ќе ја постигне планираната заработка за годинава. Концернот е подготвен за најразлични сценарија. „Под претпоставка дека ќе ја надминеме кризата исто толку брзо како Кина, тогаш е голема веројатноста дека ќе минеме со модро око“, изјави шефот. „Меѓутоа, доколку ја земеме предвид можноста за повеќемесечен шатдаун‘, тогаш ќе биде многу тешко.“

Volkswagen се држи на добри позиции и на кинескиот пазар, откако државата ги укина ограничувањата за економијата. „Во Кина повторно сме силни“, открива Дис. Концернот се подготвува за враќање на производството во полн обем и во мрежата од фабрики и добавувачи ширум светот. „Во прозиводството учествуваат голем број лица, кои сега мора да се раздвојат. Потребна ни е заштитна опрема, мораме да ги приспособиме процесите, работиме на нова организација на работните смени. Сето тоа мора да биде подготвено однапред.“

Според топ-менаџерот, концернот нема да остане без финансии. Во поглед на ликвидноста, Volkswagen е мошне силен во споредба со останатите компании, поради тоа што концернот има повеќе бизнис зделки со Кина од повеќето конкуренти, но и од повеќето индустриски гранки. Моментно нема потреба од државна помош. Тука може да помогне и фактот што германската покраина Долна Саксонија учествува со 20 проценти во акциите на концернот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
22 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *