за

Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки

Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки
Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки

Концернот Volkswagen основаше сопствен фонд за финансирање на проектите што неговите дванаесет марки ги изведуваат за намалување на емисијата на СО2. Годишниот фонд изнесува 25 милиони евра, дел од начините на коишто се намалуваат емисиите во фабриките се генијални.

Концернот Volkswagen основаше фонд за поддршка на проектите за заштита на климата на своите дванаесет марки. Таканаречениот Карбон Фонд беше инициран лани во февруари и оттогаш се постигнати впечатливи резултати. Услов за добивање средства од фондот е проектот што ќе го развие некоја од фабриките да биде со скалест ефект, односно истиот да може да се применува и во повеќе други фабрики на концернот.

Еден од поголемите проекти е преоѓањето на осветлување со диодна техника во девет фабрики. Во нив се реализирани 33 одделни проекти со цел да се намали потрошувачката на енергија, а со тоа и емисијата на СО2, како и да се подобри осветленоста. На тој начин, атмосферата се поштедува од 116.000 тони СО2 годишно.

https://www.instagram.com/p/B6YsHu3i3ch/

Во фабриката во Касел била заменета старата разладна техника со таканаречен систем со одвоени текови. Досега се заменети повеќе од 150 разладни уреди. Овие системи се користат за ладење на самите машини, како и за ладење при обработката на метал. Со нив драстично се смалува потрошувачката на енергија, а воедно и температурата на водата се смалува за 23 проценти. Сервисирањето е во подолг рок и е поедноставно. Во иднина, сите нови производствени линии ќе се изведуваат со системи со одвоени текови. Оваа мерка лани била изведена во 13 погони, намалувањето на СО2 изнесува 1.350 тони годишно.

Автомобилската индустрија станува пример за одржливо производство и општо за максимална грижа кон животната средина

Проектот под името „лакирница и сушална“ е реализиран во фабриката во Хановер, кадешто е вградена регулација на волуменскиот проток во зависност од оптоварувањето. Техниката во иднина ќе се користи и во останатите фабрики. На овој начин, емисијата на СО2 се намалува за 1.200 тони годишно.

На повеќе локации на концернот се оптимирани индустриските перални. Триесетина постројки се опремени со таканаречени фрекфентни свртници. Дополнително се оптимирани и работните параметри, како притисокот и волуменскиот проток, температурите и периодот на подготвеност за работа (stand-by). Ефектот од оваа мерка е намалување на емисијата на СО2 за 2.900 тони годишно.

Во три машини за леење под притисок е вградена модерна техника за мерење на температурата. При леењето под притисок е важно, во точно време да се загреат или изладат точно одредени подрачја од калапот. Со помош на сензори за проток и за темпеартура, новата техника може топлинскиот проток да го распоредува на интелигентен начин, за преку внатрешен повраток на топлината да се постигне огромна заштеда во потрошената енергија. Редукцијата на СО2: Годишно по 2.500 тони.

Проектот Карбон Фонд се обновува од година в година. За 2020 година, досега се избрани повеќе од 100 нови проекти.

Сцена од паркингот за вработени во фабриката во Волфсбург во средината на 1970-те години:

https://www.instagram.com/p/B5w0aLHhFeT/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan LEAF

Uber купи 2.000 примероци од Nissan Leaf за Лондон

AIWAYS U5 evropska izvedba

Кинескиот електричен Aiways U5 стартува во Европа во април