за

Теренците се спуштаат, комбињата одат во висина

Volkswagen Caddy kit povisok

Во тренд е спуштањето на каросериите на СУВ-моделите, во кои до скоро се уживаше во седењето на повисоко. Како по договор, во исто време расте интересот за китови со коишто се зголемува растојанието од подлогата кај мултинаменските возила. Volkswagen Caddy е еден од моделите за коишто се нудат готови китови.

Специјализирана германска работилница за префрлување на погон на сите тркала и за сите работи на тема 4х4 нуди готов кит со когошто се зголемува теренската проодност на Volkswagen Caddy. Китот е достапен и за изведбите со погон напред и за сите вооошто моделски изведби на доставниот класичар на VW.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Комплетот содржи „дистанцијали“ и специјални гасни амортизери за предната и задната оска. Каросеријата се подигнува за 15 милиметри напред и за 5 милиметри назад, односно кај верзиите Caddy 4Motion, растојанието од подлогата се зголемува за 15 милиметри, во комбинација со фабричките гуми. Тоа значи дека растојанието расте на 17,5 сантиметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Доколку гумите и бандажите се заменат со поголеми, клиренсот расте на околу 18 сантиметри. Од фирмата Seikel сепак предупредуваат дека со зголемувањето на висината се скусува трајноста на зглобовите на двете оски, поради посилното напрегање и сменетата геометрија во подвозјето.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Истото важи и за верзијата на Caddy со погон напред, која може да се извиши за четири сантиметри. Seikel нуди и комплети за компензација на висината за возила што постојано се натоварени, како и заштитни плочи за мотор, менувач и диференцијал на задна оска.

Тие се како Golf и Caddy за Американците

Volkswagen ID Buggy како повик до стартап-компаниите

Volkswagen Touareg добива осумцилиндарски дизел со 421 КС

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin DBZ_Centenary_Collection 4

Aston Martin Zagato за шест милиони со гратис историски автомобил

peugeot 403 cabrio inspektor kolumbo

Што се случува меѓу PSA и Fiat?