за

Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање

Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање
Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање

Одделението за доставни возила на Volkswagen го нуди својот Caddy во изведба за авантуристи и кампери уште од 2005 година. Една од причините за големата популарност на моделот е во тоа што сите додатоци за преспивање и престој во возилото може да се отстранат и Caddy да се користи во секојдневието, било како семејно возило или за бизнис. Тоа ќе важи и во новото издание на Caddy за кампување, што Volkswagen го најавува сега преку тизер.

Малиот брат на California е универзалец за целото семејство, за спортисти и хобисти, како и за таканаречените „бест-ејџери(Best-Ager). Како што романтичарски е наведено во соопштението од Volkswagen, голема новина во актуелната моделска генерација е „можноста низ панорамскиот стаклен покрив со површина од 1,4 метар квадратен да се гледаат ѕвездите пред заспивање“.

Секако дека сите прозорци (и покривот) може да се затемнат. Лежајот е долг близу два метри и сосем пристојно е изведен со пружини, по пример на лежаите во „професионалните“ кампери California и Grand California. Назад исто така се сместени полски столици и маса од овие кампери. Двете големи чанти може да се наполнат дома и комотно да се донесат до возилото.

Моторите во наследникот на Caddy Beach се дизели со моќност меѓу 75 и 122 КС, вообичаено за VW со двојно впрскување Адблу, заради речиси комплетно отстранување на азотните оксиди. Единствен бензинец е 1.0 TSI со 116 КС.

Светската премиера на компактниот кампер врз база на новиот Caddy, кој е сосем извесно дека ќе добие ново име, наспроти претходникот Caddy Beach, ќе се одржи виртуелно во почетокот на септември.

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Volkswagen Caddy e „голфот“ меѓу доставните возила

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Каков избор на користено возило е Dacia Duster

Каков избор на користено возило е: Dacia Duster

Mercedes S-Class W223 novini

Mercedes S-Class има „амортизери“ со камера и воздушна перница во средина