за

Бугарија му нуди повеќе пари на Volkswagen да ја избере земјата

volkswagen id.3 pretserija

Откако Volkswagen ги стопираше плановите за изградба на фабрика во Турција, поради воените дејствија во Сирија, се враќаат надежите на Бугарите. Источниот сосед нуди повисоки субвенции. Романија исто така се враќа во игра.

Политичарите во Бугарија уште се надеваат дека земјата ќе биде избрана како локација за новата фабрика за повеќе марки на концернот Volkswagen. Во фабриката во иднина ќе се произведуваат моделите од средната класа, Volkswagen Passat и Skoda Superb.

По долги преговори, Volkswagen требаше во минатата недела да го потврди изборот на Турција, како локација за фабриката. Само неколку денови подоцна почнаа воените дејствија на Турците против курдската милиција во Сирија. Светот јасно ги осуди овие напади. Концернот Volkswagen потоа излезе со соопштение дека го одложува донесувањето решение околу новата фабрика.

Бугарија сега понудила повисоки субвенции за фабриката. Соседите се подготвени да понудат помош во висина од 250 до 260 милиони евра, место 135 милиони. Volkswagen уште не се изјаснил околу новата понуда. Повисоките субвенции произлегуваат од тоа што е сменет предлогот за локација. Место во Софија, фабриката би се изградила во општината Елин Пелин, кадешто е дозволена повисока државна помош отколку во бугарската престолнина.

Романија исто така се јавува со нова понуда

Моментно и Романија се враќа во игра како можна локација за идната фабрика за повеќе марки на концернот Volkswagen. Министерот за трговија Раду Опреа за домашните медиуми откри дека „започнуваат нови преговори со концернот Volkswagen. Според Министерот, Романија располага со одлични технички предуслови и не претставува проблем да се обезбеди работен персонал.

Volkswagen Passat и Skoda Superb ќе пристигаат од Турција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow

Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow

Предлогот за ограничување на брзината не мина во Бундестагот

Предлогот за ограничување на брзината не мина во Бундестагот