за

Volkswagen ја испраќа „бубата“ во музеј – повторно

Volkswagen го најави крајот, но љубителите на „бубата“ се надеваа дека тоа ќе се одложи. Сега се изброени се деновите за култниот автомобил. Сепак има малку надеж.

Volkswagen в година ќе го прекине производството на легендарната буба. Од американскиот огранок на концернот соопштија дека последниот Beetle ќе ја напушти фабриката во Пуебла, Мексико, во јули 2019 година. Од менаџментот на германскиот концерн уште во март најавија дека се планира престанок на производството на култниот автомобил. Оттогаш постојано се шпекулираше дека Volkswagen сепак ќе го остави Beetle на производствените линии уште некое време. „Бубата“ моментно се произведува само во Мексико.

Крајот на Beetle, на најгерманскиот автомобил на сите времиња, ќе се случува во стилот на холивудските блокбастери. Американскиот огранок најави цела серија настани за прославување на големиот модел. Прославата ќе заврши во јуни, заедно со престанокот на производството. Тоа ќе биде одбележано со две специјални серии на Käfer, како што е оригиналното народно име на автомобилот што никогаш нема да згасне.

Вратата сепак ќе остане подотворена за евентуалното враќање на бубата. Шефот на американската секција, Хинрих Вебкен, гледа можност легендата да се врати како електричен автомобил. Концептот I.D. Buzz е сериозен претендент за сериско производство.

Германците никогаш не го засакаа американскиот New Beetle – бубата се нудеше евтино како користен автомобил

Првиот Volkswagen Käfer е произведен во 1938 година. Оттогаш, светот го минаа над 21 милиони примероци. Последниот примерок од Волфсбург е произведен во 1974 година, по што продукцијата се сели во Мексико. Во 1997 година се појави наследникот, како ретро-верзија на оригиналот, кој во одредена мера им се допадна на Американците, но затоа Германците никогаш не криеја дека го мрзат автомобилот.

Таканаречениот New Beetle имаше речиси багателна вредност на пазарот на користени автомобили, што доведе до огромен бран од стари „буби“ во регионов. Во 2011 година, пристигна актуелната генерација, којашто се нарекуваше само The Beetle.

Баварци направија подобра „нова буба“ од Volkswagen

Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

Најсочуваниот Volkswagen Beetle има поминато само 90 километри

Австрија му пишува групна тужба на Volkswagen

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Outlander PHEV

Топ 10 Најпродавани модели со хибриден погон во Европа

електромобили лимит брзински австрија

Австрија ќе дозволи електромобилите да возат побрзо на автопат