159
21 shares, 159 points

Бразилската подружница на Volkswagen најавува „ново урбано купе“ за следната пролет. Од 2021 година, моделот ќе се произведува и во Европа. Во земјата се вложуваат 1,5 милијарда евра, влијанието на Volkswagen ќе продолжи да се шири во Јужна Америка.

Volkswagen do Brasil првпат самостојно развива модел, којшто ќе биде базиран врз системот MQB. Освен во Бразил, автомобилот подоцна ќе се произведува и во Европа. Новиот бразилски модел ќе биде наменет за светскиот пазар. Во оваа и во следната година, Волфсбург ќе вложи 1,5 милијарда евра во Бразил, во развој на нови производи, дигитални услуги и технологија.

Volkswagen стана „светска“ марка токму во Бразил, пред 60 години, со отворањето на фабриката во Анкиета. Во минатите три години се одвиваше моделска офанзива, со претставување на 20 нови модели за бразилскиот пазар, како клучен пазар во регионот.

Дизајнирањето и развојот целосно се одвиваат во Бразил. Моделот базиран врз системот MQB засега е познат под „ново урбано купе“. Станува збор за кросовер, со зголемен клиренс и поголема робусност заради локалните услови, но и со спортска нота во избгледот. Светската премиера се планира за следната пролет. Неколку месеци подоцна ќе започне и производството во Анкиета, за од 2012 година, бразилскиот модел да се произведува и во Европа.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *