за

Ќерката на дизајнерот на бубата бара надомест од Volkswagen

Денес започна судската постапка за спорот околу авторските права за изгледот на легендарната „буба“, меѓу производителот Volkswagen и ќерката на дизајнерот

Од средата (21.11) се води судска постапка околу дизајнот на еден од најуспешните автомобили на сите времиња, на „бубата“ и на нејзиниот наследник New Beetle. Во првото рочиште околу авторските права во покраинскиот суд во Брауншвајг не се постигна спогодба меѓу производителот од Волфсбург и фамилијата на Ервин Коменда (1904-1966), дизајнер на Porsche.

Претходник на „бубата“: Porsche Typ 32 произведен во NSU во 1934 година

Ингрид Штајнек, ќерка на дизајнерот, бара чесен надомест, односно соодветна компензација за големиот успех на автомобилот во изминатите седум децении. Тоа ќе претставува своедивно признание за животното дело на дизајнерот. Volkswagen смета дека тужбата е неоснована. Како дизајнер на „бубата“ (оригинално Käfer), официјално се води конструкторот Фердинанд Порше.

Претходно беше одбиена слична тужба за Porsche

Кон крајот на јули, покраинскиот суд во Штутгарт одби слична тужба околу авторските права за Porsche 911 и неговиот претходник Porsche 356. Во меѓувреме е поднесена жалба за таа одлука од страна на тужителката Ингрид Штајнек.

Volkswagen ја испраќа „бубата“ во музеј – повторно

Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

Бубата на Volvo наврши 70 години

Најсочуваниот Volkswagen Beetle има поминато само 90 километри

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автомобили 24 часа трка

Електричните автомобили добија свој „Леман“

батерија за електромобили, vw e-golf

Кинеска фирма произведува нов вид батерии за електромобили