133
18 shares, 133 points

Марките на концернот Volkswagen изработуваат медицински производи во борбата против ширењето на вирусот корона, вклучувајќи и визири за лице.

Volkswagen започна со производство на медицинска заштитна опрема со помош на 3D-печатари. Во фабриката во Касел, којашто го снабдува целиот концерн со компоненти, моментно се изработуваат држачи за визири за лице. Делови се произведуваат и во Волфсбург, како и на останатите локации, меѓу кои се фабриките на Audi, Porsche, MAN и на огранокот за доставни возила на VW. Производството вклучува повеќе од 50 печатари во 3D-технологија, а се очекува да пристигнат и дополнителни машини.

Проектот е заедничка иницијатива со производителот на авиони Airbus и со 250 посебни компании. Држачите се развиени од страна на Airbus и во следната недела ќе се достават по авионски пат во Шпанија, кадешто има голем број жртви од корона, исто како во Италија.

Seat произведува респиратори во фабриката во Барселона

Фабриките на концернот во Шпанија и во Италија исто така се ангажирани во производство на медицински производи. Seat во фабриката во Марторел започна со производство на механички респиратори, за коишто уште се чека атест. Во овие погони во близина на Барселона се произведуваат и заштитни маски за лице.

Италијанскиот производител на спортски автомобили Lamborghini изработува хируршки маски и штитници од плексиглас. Skoda во соработка со Техничкиот Универзитет во Прага разви 3D-печатарска технологија за производство на заштитни маски за повеќекратна употреба. Матичната марка Volkswagen моментно тестира изработка на пластични елементи за респиратори.

General Motors: Од производство на автомобили до маски за една недела


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
18 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *