за

Volkswagen стартува со штедлив Golf со трицилиндарски бензинец

Германците ја воведоа серијата штедливи модели BlueMotion уште во 2006 година. Досега во неа работеа исклучиво мотори TDI. Со Golf TSI BlueMotion за првпат во серијата има бензински мотор. Но, и тој не е обичен.

Дизелите постепено го губат приматот на штедлив погон наспроти бензинците. Доказ за тоа е Golf TSI BlueMotion, како прв модел од оваа серија во когошто работи бензински мотор. Најштедливиот бензинец во Golf е достапен на германскиот пазар по цена од 20.450 евра во стандардната комбилимузинска каросерија, односно 22.225 евра како комби Variant и 22.625 евра како кросовер Sportsvan.

Еднолитарец на ниво на 1,8-литарски бензинец од пред 10 години

Со потрошувачката од 4,3 литри бензин на сто километри и емисијата на СО2 од 99 g/km, конкуренцијата има уште една причина да стравува од најпродаваното моделско име на европскиот пазар. Погонот во TSI BlueMotion е задача на новиот трицилиндарски мотор со директно впрскување и турбонатполнење, со зафатнина од само еден литар. Моторот постигнува моќност од 115 КС и максимален вртежен момент од 200 Nm, што е блиску до нивото на 1,8-литарски бензинец од пред десетина години.

Покрај стандардниот мануелен менувач со шест степени, со доплата е достапен и 7-степен менувач со двојна спојка DSG. За ниската потрошувачка се грижат и дополнителните зафати во аеродинамиката на каросеријата, на пример, затворената решетка на маската и специјалната облога на подот, како и подвозјето што е спуштено за 15 милиметри. Во стандардната опрема на BlueMotion спаѓа екран на допир со пречник од 5 инчи и патен компјутер со обемен приказ на податоци за потрошувачката на гориво и совети за штедливо возење.

vw golf tsi bm2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Bentayga: Со теренецот пристигаат дизел, хибрид, нови дилери…

станици за водород

Германија отвори станица за водород на „Аутобанот“