за

Volkswagen склучува пакт: Волфсбург не го препушта лидерството без борба

Додека стручната јавност уште расправа дали „дизелгејтот“ беше стокмен од сопствените структури или од кројачите на глобалната политика, во седиштето на Volkswagen во Волфсбург е потпишан „пакт за иднината“. Тој предвидува реорганизација на работните места, но и масовни инвестиции во иднината, особено во електромобилноста и во дигитализацијата.

Раководството и работничкиот совет на Volkswagen потпишаа пакт за иднината, со когошто марката ќе ја врати профитабилноста во работењето. Со програмата за штедење којашто се однесува на фабриките во Германија со 120.000 вработени ќе се подобрува конкурентноста на марката Volkswagen. Во исто време ќе се инвестира масивно во дигитализација и во електричен погон.

Трасформацијата на Volkswagen треба да зарши до 2020 година. Дотогаш, секоја година ќе се заштедуваат по 3,7 милијарди евра преку спроведувањето на пактот за иднината, односно на мерките за штедење. Тоа подразбира и укинување на 23.000 работни места во фабриките во Германија, но од друга страна и отворање нови 9.000 работни места во подрачјето на електромобилноста и мобилните услуги.

Ова се одделните точки на пактот за иднината:

  • Со штедење и подобрување на ефикасноста во сите подрачја и во сите фабрики во Германија ќе се постигнува годишна заштеда од 3,0 милијарди евра до 2020 година. Во подобрувањето на ефикасноста ќе учествува и глобалната мрежа на Volkswagen, со акциски програми што ќе обезбедат дополнителни 700 милиони евра во пактот за иднината. Со тоа, вкупната годишна заштеда ќе достигнува 3,7 милијарди евра.
  • Продуктивноста во германските фабрики ќе се зголеми за 25 проценти и оперативната маржа ќе се искачи на четири проценти до 2020 година.
  • Масовни инвестиции во електричниот погон и електромобилноста. Германските фабрики ќе се вклучат во развој и производство на електрични возила и компоненти за истите. Ќе се организира пилот-фабрика за батериски ќелии и модули. Во оваа трансформација се вложуваат 3,5 милијарди евра.
  • Во електромобилноста и дигитализацијата ќе се отворат 9.000 нови работни места, односно истите ќе се пополнуваат постепено како што Volkswagen ќе ги реализира планираните укинувања на 23.000 работни места во Германија во следните години, преку предвремено пензионирање и прераспределба во другите подрачја на концернот.
  • Електричните возила на база на платформата MEB (сериската верзија на Volkswagen I.D., а понатаму и теренец на база на Polo, купе, доставно возило и лимузина) ќе се произведуваат во Волфсбург и Цвикау. Во фабриката во Цвикау ќе се произведува и втор електричен модел, додека во Волфсбург ќе се приклучи уште еден модел со погон на струја од марките од концернот.
  • Во Брауншвајг ќе се произведува батерискиот систем за возилата на платформа MQB (e-Golf, Golf GTE, Passat GTE, а ќе се развива и произведува и батерискиот систем за „електричната“ платформа MEB. Во Касел ќе се развива погонот за MEB, ќе се изработуваат преносните механизми за електричниот погон и ќе се составува целиот систем. Во Залцгитер ќе се изработуваат погонски компоненти за MEB и ќе се испорачуваат оттаму. Таму воедно ќе биде организирана и пилот-фабриката за батериски ќелии и модули.

Реализацијата на пактот за иднината стартува веднаш, зацртаните цели се обврзувачки. Секоја година ќе се проверува напредокот во спроведувањето на мерите за зголемување на ефикасноста. Строго, германски.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Теренецот на Alfa Romeo што има исто име со мотоцикл на Moto Guzzi

Porsche ќе биде целосен владетел на Леман со радикалниот 911 RSR