за

Volkswagen поставува стотици полначи за струја во своите фабрики

volkswagen полначи за струја саксонија
volkswagen полначи за струја саксонија

Во фабриката на Volkswagen во Цвикау е пуштен вкупно 200-от полнач за електрични автомобили во производствената тројка на концернот во покраината Саксонија, наменет за вработените, гостите и клиентите. Планот е до крајот на 2020 година во трите фабрики во Цвикау, Дрезден и Хемниц да се постават вкупно 400 полначи. Струјата потекнува строго од обновливи извори.

Фабричкото трио на Volkwagen во германската покраина Саксонија вложува многу во проширувањето на мрежата од полначи во фабриките во Цвикау, Дрезден и Хемниц. Со најновата станица за полнење во Цвикау, во саксонските фабрики на Volkswagen стојат на располагање вкупно 200 места за полнење. Планот е овој број да се зголеми двојно во текот на годинава.

Најголемиот број полначи ќе биде поставен во фабриката во Цвикау/Мозел (300 полначи), додека во Дрезден ќе има вкупно 70 и во Хемниц 30 полначи. Најголемиот дел од полначите со моќност од 11 киловати се наменети за вработените, за гостите и за клиентите на Volkswagen. Одреден број полначи ќе биде поставен на јавните паркиралишта во близина на фабриките.

Volkswagen цени дека со своето вложување во мрежата од полначи ќе поттикнат и останатите компании да направат таков чекор

Според статистикита, околу една третина од возачите на електрични автомобили ја полнат батеријата на работното место. Тоа покажува дека постоењето на доволно димензионирана мрежа од полначи во фабриките на VW во Саксонија е значајно во поглед на возачкото секојдневие. За понатаму е планирано мрежата да се прошири на многу повеќе од 400 места за полнење. Посебно е значајно тоа што струјата за полнење целосно потекнува од обновливи извори.

Сериското производство на електричниот ID.3 започна пред повеќе од еден месец во фабриката во Цвикау. Концернот планира до 2029 година да стартува со продажба на 75 модели со погон само на струја, а дополнително и со 60 возила со хибриден погон. Вкупната продажба на електрични и плагин-хибридни возила се очекува да достигне 26 милиони примероци до крајот на декадата.

За таа цел, концернот вложува 33 милијарди евра само во електромобилноста. Од есен, „електричниот голф“ ID.3 ќе почне да се монтира и во таканаречената стаклена мануфактура во Дрезден, модерна фабрика во којашто своевремено се произведуваше знаменосецот Phaeton.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Celica TA22 istorija

Toyota Celica TA22 или кола за првиот ден по Нова Година

цени на автомобили со нов закон за данок за возило

Симулација на цени со новиот данок за возила