за

Volkswagen инвестира 900 милиони долари за пазарот во САД

Концернот Volkswagen не планира да ги скуси плановите за инвестирање на американскиот пазар и останува на првично утврдената сума од 900 милиони долари, што ќе се инвестираат во специјален модел за САД.

Volkswagen не планира да се откажува од американскиот пазар и покрај скандалот со дизелите. Концернот и натаму останува на планираните 900 милиони долари што ќе се инвестираат во спортски теренец од средната класа, наменет само за пазарот во САД. На тој начин, германскиот концерн го потврдува својот ангажман во Северна Америка, како и довербата во тамошниот тим.

Скандалот со манипулираните вредности на издувните гасови, кој веќе неколку недели е во жариштето на автомобилската сцена, изби токму во САД. Големата земја, за Volkswagen и претходно беше терен што е тежок за освојување. Концернот со години бележеше само загуби на пазарот во Северна Америка, за по 2007 година Volkswagen целосно да прекине со објавување со резултатите од тамошниот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo разви сензор за откривање кенгури на патот

Водородна Honda: Јапонците повторно ќе владеат со автомобилскиот свет