за

Volkswagen заменува работници со роботи: Чинат само 6 евра на час

Концернот Volkswagen планира да воведе поголема автоматизација на производството заради намалување на трошоците. Роботите работат повтино и од Кинезите.

Volkswagen планира целосна автоматизација и дитигализација на продукцијата. Постојат две причини за воведувањето повисок степен на автоматизација во фабричката работа во светскиот број два во браншата. Првата е можноста за намалување на трошоците за производство со помош на роботите, а втората е ослободување на работниците од физички напорните активности, односно зајакнување на квалификуваната работна сила.

Работниот час во Германија изнесува 40 евра, работниците во Источна Европа се платени 10 евра на час, додека работата во Кина чини помалку и од десет евра. Според интерните пресметки на Volkswagen, ангажирањето роботи на производствената лента чини меѓу три и шест евра по час, вклучувајќи трошоци за одржување и снабдување со електрична енергија.

Автоматизацијата нема да предизвика бран отпуштања во Volkswagen. Но, нема да донесе ниту поголеми нови вработувања. Местата на работниците што заминуваат во пензија само незначително ќе бидат обновени со свежа работна сила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследникот на ix35 го враќа името Tucson: Премиера во Женева

Hyundai двојно го поевтине водородниот автомобил – на 67.000 евра