за

Volkswagen ги вози филмските ѕвезди во Кан

Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Долф Лундгрен, Џејсон Статам, Весли Снајпс, Мел Гибсон и Харисон Форд – ликовите во „Expendables 3“ при промоцијата во Кан ги користат луксузните комбиња на VW.

Филмот „Expendables 3“ ќе почне да се прикажува во кино салите во САД на 15-ти август, а за неговата промоција за време на одржувањето на филмскиот фестивал во Кан, сите филмски ѕвезди што се појавуваат во него се возат низ монденскиот град на Азурниот Брег во луксузните комбиња на Volkswagen. Точно 20 примероци од Multivan со врвното ниво Highline им стојат на располагање на ѕвездите од филмското платно 24 часа на ден.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW ќе произведува автомобили и во Мексико

Toyota има нови чипови за поштедлив хибриден погон