за ,

Volkswagen гарантира инвестиција од 4 милијарди евра во шпанските фабрики

Гигантот Volkswagen ќе инвестира 4,2 милијарди евра во фабриките во Марторел и Навара во следните пет години и покрај неопходното финансиско реструктурирање по нападот од американските автомобилски власти.

Шпанскиот министер за индустрија Хозе Мануел Сориа доби гаранции од раководството на Volkswagen дека групацијата нема да се откаже од планираното инвестирање 4,2 милијарди евра во фабриките на Seat и Volkswagen во земјата. Како што беше планирано претходно, групацијата Volkswagen во следните пет години ќе ја вложи оваа сума во фабриката на Seat во Марторел во близина на Барселона, како и во фабриката на Volkswagen во Навара.

Во Марторел, најголема фабрика за автомобили во земјата, моментно се произведуваат матичните модели Ibiza, Altea и Leon, како и компактниот теренец Audi Q3, додека во фабриката во Навара се произведува Volkswagen Polo. Околу гигантската инвестиција на Volkswagen во шпанските фабрики владееше неизвесност откако новиот шеф Матијас Милер најави воведување на драстични мерки на штедење, по фингираниот скандал со преголемата концентрација на азотни оксиди во моделите со дволитарски дизел мотор на пазарот во САД.

Volkswagen вработува околу 22.000 лица во Шпанија, која се соочува со една од најголемите стапки на невработеност меѓу развиените земји. Невработеноста ќе биде главна тема на парламентарните избори што ќе се одржат на 20-ти декември, на кои владејачката десничарска Народна партија ќе води тесна битка со опозициската коалиција на Социјалистите.

Некогашната домашна марка Seat е во сопственост на Volkswagen од 1986 година. Автомобилската индустрија во земјата учествува со 10 проценти во бруто домашниот производ и опфаќа околу 9 проценти од работната сила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американскиот напад врз Volkswagen носи проблеми и за добавувачите

Овој автомобил на Lexus буквално е пораснат на дрво