за

Volkswagen воведува строг режим во развојот на модели

Четири шефови во иднина ќе одговараат посебно за својата група модели во понудата на марката Volkswagen. На тој начин ќе се постигне подобра прегледност на одговорностите и ќе се спречуваат идните „дизајгејти“.

Од почетокот на годинава, понудата на модели на Volkswagen е поделена на четири групи, со посебен шеф за секоја група. По еден човек во иднина ќе одговара за развојот на секој модел од својата група, од почетокот до крајот на моделскиот век, како и за техниката, квалитетот, трошоците и профитабилноста. Одговорностите порано се распределуваа во различни сектори на претпријатието и постоеше извесна неодреденост околу истите.

Во првата група се опфатени помалите модели, како Up и Polo, вклучувајќи ги сите нивни каросериски изведби. Одговорен за овие возила е Клаус-Герхард Волперт, кој од 2010 година раководеше со менаџменот на моделите на Volkswagen и на целиот концерн.

Во компакт-групата се наоѓаат сите моделски изведби на база на Golf, а со оваа стратешки клучна група ќе раководи Карлхајнц Хел, кој претходно беше задолжен околу набавката на електрични и електронски компоненти за концернот. Третата група ја сочинуваат модели од средната и поголемите класи, односно од Passat, преку Sharan, до Touareg. Шеф на оваа група е Елмар-Мариус Лихарц, досега одговорен за контрола на производите во марката Volkswagen.

Како четврта посебна група се издвојуваат моделите со електричен погон, во којашто моментно припаѓаат E-Up и E-Golf. Идните модели во оваа група ќе располагаат со значително поголем досег во споредба со актуелните, а Volkswagen веќе го прикажа овој погонски концепт во студијата Budd-e. Со оваа група ќе раководи некогашниот шеф на одделението за автомобилска техника во Continental AG, Кристијан Зенгер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla тужи германска фирма поради измама со крилестите врати

Тест на АДАК: Бустери за старт во замена за обичните кабли?