за

Volkswagen вложува најмногу во развој и истражување

Германскиот автомобилски концерн Volkswagen инвестира 9,52 милијарди евра во развој и со тоа е далеку пред Samsung Electronics и Microsoft.

За првпат од 2004 година приватно претпријатие од Европската Унија се најде на врвот на ранг листата на деловни субјекти што на глобално ниво инвестираат најмногу во развој и истражување. Станува збор за германскиот автомобилски концерн Volkswagen, кој во 2012 година инвестирал на светско ниво 9,52 милијарди евра и со тоа му припаѓа првото место на ранг листата.

На второто место е јужнокорејското претпријатие Samsung Electronics со инвестиции од 8,3 милијарди евра, додека третото место му припадна на Microsoft од САД. Меѓу десетте фирми што вложуваат најмногу во развој и истражување се уште четири имиња од САД (Intel, Merck, Johnson&Johnson и Pfizer), две од Швајцарија (Roche и Novartis), како и јапонската Toyota.

Ранг листа во ЕУ

  1. Volkswagen (Германија/9,52 милијарди евра)
  2. Daimler (Германија/5,64)
  3. Robert Bosch (Германија/4,92)
  4. Sanofi-Aventis (Франција/4,91)
  5. Siemens (Германија/4,57)
  6. GlaxoSmithKline (Велика Британија /4,28)
  7. Nokia (Финска/4,17)
  8. BMW (Германија/3,95)
  9. Ericsson (Шведска/3,86)
  10. EADS (Холандија/3,63)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов Mini: Ист како стариот, само подобар

Renault стартува со акциски попуст од 15 проценти