за

Volkswagen веќе во оваа година ќе достигне 10 милиони возила

Германскиот гигант е на пат да ја надмине бројката од 10 милиони произведени возила веќе во оваа година, четири години пред планираното.

Растот од 3 проценти во септемвриската продажба на автомобилските марки од концернот Volkswagen ги поткрепи очекувањата на челниците во Волфсбург дека до крајот на годинава ќе биде надмината бројката од 10 милиони произведени возила. Најголемиот поттик во продажбата моментно доаѓа од Кина и Европа, како компензација за ослабувањето на пазарот во САД и Јужна Америка. Во првите девет месеци, Volkswagen продаде 5 проценти повеќе возила, односно вкупно 7,4 милиони возила. Според оваа динамика, Volkswagen ќе ја достигне поставената цел за производство на 10 милиони возила четири години пред првично планираното.

Во Европа се продадоа осум проценти повеќе возила од марките на концернот Volkswagen во минатиот месец, односно 1,5 милион возила, додека порастот во Централна и Источна Европа изнесува 2 проценти, со 481.000 продадени возила. Рускиот пазар трпи од украинската криза и падна 13 проценти, на 196.700 возила, додека Кина, најголемиот единечен пазар на Volkswagen, се продадоа 2,72 милиона возила или 15 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

На ниво на марки, најголем пораст во продажбата имаат Porsche и Skoda, со 13 проценти, пред Seat со 10,5 проценти, Audi со 10 проценти и Volkswagen со 3 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јубилеен F60America за годишнината на Ferrari во САД

Mercedes GLA ќе се произведува и во Кина