за

Volkswagen ќе произведува автомобили во Нигерија

Во Нигерија наскоро ќе започне производството на автомобили на концернот Volkswagen. Нигерија е најбројна нација и клучен фактор во економскиот растеж на африканскиот континент.

Volkswagen планира најрано од 2016 година да започне со монтажа на автомобили во Нигерија, заедно со партнерот Stallion Group од Дубаи. PSA Peugeot Citroen и Nissan веќе произведуваат автомобили во африканската земја. Французите го произведуваат Peugeot 301 во мала серија, додека Nissan исто така е во локално партнерство во Stallion.

Со околу 170 милиони жители Нигерија е најбројна нација на африканскиот континент и ја има најсилната економија. Volkswagen го одобри проектот за монтажа од готови китови во мала серија поради даночните олеснувања во земјата. Германскиот концерн веќе е присутен на континентот, со фабриката во Уитенхаге, во Јужна Африка, каде што се се произведува Polo. Во близина на Јоханесбург се произведуваат и товарни возила од марката MAN, којашто истотака е дел од концернот. Volkswagen моментно има 107 фабрики во светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роби Вилијамс бара работа во автомобилската бранша

Рускиот ZIL бесен поради објавите за „монструмскиот воен транспортер“