Вести

Volkswagen е најиновативен концерн на светот

Студија на Центарот за автомобилски менаџмент го призна огромниот напредок во иновативноста на концернот од Волфсбург. Последна марка според Центарот е јапонскиот Suzuki.

Концернот Volkswagen освои најмногу бодови со исклучително високиот број и со широкиот технолошки дијапазон на нејзините иновации. Тој го предводеше списокот на најиновативни марки и во минатата година, но во оваа уште повеќе ја зголеми предноста пред конкурентите.

На ниво на марки, Mercedes е тој што остава најсилен впечаток со своите иновации. Audi постигна значителен напредок и по осмото место во 2012, во оваа се најде на второто место, пред минатогодишниот победник BMW. На списокот на 18 авто концерни, втор е Daimler, по него се Toyota и General Motors. BMW е на петтото место, последна последна марка е Suzuki.

Центарот за автомобилски менаџмент веќе осум години ги следи иновациите на 18 концерни со 52 марки. Се оценуваат новитетите кои што нудат дополнителна практична корист за клиентите и кои веќе се нудат во возилата од серија или се претставени во студиско возило. Анализата опфати вкупно 791 иновација.

Најиновативни автомобилски концерни во светот:

1 (1)     Volkswagen

2 (4)     BMW

3 (2)     Daimler

4 (7)     Ford

5 (8)     Toyota

6 (3)     General Motors

7 (5)     Huyndai

8 (10)   Fiat

9 (14)   Renault

10 (11) PSA Peugeot Citroen

11 (15) Tata

12 (6)   Nissan

13 (9)   Geely-Volvo

14 (12) Honda

15 (13) Chrysler

16 (18) Mitsubishi

17 (19) Mazda

18 (20) Suzuki

19 (16) Porsche

20 (17) Subaru

() = во заграда е пласманот од минатата година

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729