за

Внимателно при паркирање на возилото врз сува трева

опасност при паркирање врз сува трева

При паркирање на возилото врз површина со сува трева обично не се има предвид големата опасност што се предизвикува на тој начин. Жешките делови на возилото може да ја запалат тревата и да предизвикаат пожар

Со секое паркирање на возилото врз површина со сува трева се предизвикува голема опасност од избувнување на пожар. При оставањето на возилото на неасфалтирана површина, обично забораваме на тоа дека издувниот систем и моторот се мошне жешки. Под дејство на овие високи температури, сувата трева под возилото може да се запали многу лесно. Пожарот може да се пренесе на возилото и на сите останати возила околу него.

Осигурителните компании се „осигурени“: Паркирање врз сува трева може да доведе до пожар, а со тоа и до неисплатување на штетата

Повеќе осигурителни компании имаат спроведено истражувања заради проверка дали навистина постои опасност од пожар, од жешките делови на возилото коишто доаѓаат во допир со тревата. Потврдено е дека оваа опасност не само што постои, туку и на тестирањата се случувало тревата да се запали за само неколку секунди од жешкиот катализатор и пожарот да се прошири на целото возило.

Опасноста постои при секое паркирање на исушени тревни површини, но исто така и при запирање покрај патот, заради починка. Логично е дека опасноста е поголема кога и сувата трева е повисока, при жешко време и мало растојание меѓу возилото и подлогата. Вжештените сопирачки дискови, особено при долго спуштање по надолнина, исто така претставуваат потенцијален извор на пожар. Кај автомобили со спуштено подвозје треба да се внимава особено.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

франција јавен превоз 1000 кмх

Франција ќе тестира јавен превоз „во цевки“ брз над 1000 km/h

електричните автомобили на Карибите

Зошто островските земји ги обожуваат електричните автомобили