139
44 shares, 139 points

Владимир Путин останува на позицијата најмоќен човек во Кремлин и во цела Русија и во следните шест години. Победата е сé друго освен изненадување, затоа што единствениот соперник, опозицискиот лидер Алексеј Навални, не доби дозвола да учествува на изборите. Навални ќе жали поради тоа што ги пропушта безбројните вечери со така особени личности како Асад или Трамп, но сигурно ќе го погоди и фактот што нема да се вози со Cortege Aurus Senate.

Руските владетели имаат долга традиција со репрезентативните лимузини. Со Октомвриската Револуција, Владимир Илич Ленин го симна Царот од престолот, но му го презеде и скапоцениот Rolls-Royce Silver Ghost. Јозеф Сталин не беше особено пријателски расположен кон Американците, но затоа не му пречеше да се вози во Packard.

Последен претседател во руска лимузина е Михаил Горбачов

Во периодот по војната, советските лидери се возеа во лимузини од домашниот ZIL – дизајнирани и конструирани по американска мустра. Во последниве години, Владимир Путин користеше Mercedes-Benz S 600 Guard Pullman за превоз од средба до средба. Последен Русин кој се возеше во државничка лимузина од сопствено производство беше Михаил Горбачов, во 1985 година. Десет години подоцна, Борис Јелцин му откажа служба на „41045“ и седна во Mercedes.

Пред пет години, ZIL доби нова шанса да го врати претседателскиот сјај, но обидот заврши мизерно. Никој веќе не се сеќава на тој неуспех. Рускиот претседател конечно и повторно може да се вози во руски автомобил. Околу изгледот може да се спори дека во него се препознаваат елементи од најголемите автомобили на денешницата, а нема причина да се негодува и за 4,4-литарскиот V8, којшто е испорачан од Porsche.

Путин го одбележа крштевањето на новата престижна марка од Русија

Cortege не е „само“ автомобил за Претседателот, туку е репрезентативна марка којашто во блиска иднина ќе нуди цела гама модели. Како техничка платформа се користи таканаречената Руска Унифицирана Модуларна Платформа, развиена во државниот истражувачки институт НАМИ. Овие модели ќе се нудат под новата марка Aurus, што непогрешливо асоцира на злато. Toyota веројатно нема да помисли да реагира за сличноста со нивниот Auris. Името на лимузината е Senate, а големиот ван што ќе следи ќе се вика Arsenal. Развојот на лимузината траеше уште од 2013 година.

Во меѓувреме, од спротивната страна на океанот се привршува работата на новата лимузина за Трамп. За нас, Cortege Aurus Senate е покул.

[FAG id=32197]

Роден во Русија израснат во Луксембург: Електричен скутер Ujet

Руски „партизан“ против шминкерските теренци

Руско комбе доаѓа со фабрички вграден тетрис

Mercedes вложува 250 милиони евра во фабрика во Русија

Корпа за ентериерот на Tesla Model S: Русин си вгради внатрешност од BMW

Зошто Lada 1200 е одличен избор за олдтајмер?

Теренска лимузина може да има само Lada


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
44 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *