за

Виетнам станува производител на автомобили

Vinfast premieri Pariz 6

Во време кога автомобилите стануваат електрични и компјутери го заменуваат возачот, и Виетнам стартува со својата прва автомобилска марка, Vinfast

На салонот во Париз во почетокот на октомври ќе има две необични премиери. Необичното се однесува на потеклото на автомобилите, кои пристигаат од Виетнам. Марката Vinfast премиерно ќе ги претстави своите први два модела на светската сцена токму на најважниот собир на автомобилски новитети годинава.

Vinfast premieri Pariz 5

Првиот виетнамски производител на автомобили има два модела за под париските рефлектори. На последните компјутерски рендери што ги објавува марката веќе се забележуваат повеќе детали и целите силуети на идните модели. За првпат се забележува и логото. Заштитниот знак е хромиран и во форма на V. Десно од него се наоѓа „дополнувањето“ на логото, во вид на хоризонална лајсна, којашто всушност ја формира буквата F, заедно со продолжетокот од светлата што навлегува во маската – за VinFast.

Дизајнот со италијански потпис ќе биде силен продажен аргумент на Vinfast

Смелите дизајнерски потези се сосем очекувани кај виетнамската марка, имајќи го предвид силното италијанско влијание во стилот. Скиците на идните модели на VinFast ги изработи Italdesign, по што работата ја презеде Pininfarina и го доведе изгледот до крајната фаза.

Продажбата ќе стартува прво на домашниот пазар, веќе кон крајот на годинава.

[FAG id=34892]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Colorado ZR2 Bison

Овој камионет на Chevrolet не минува со лесно

Mercedes E-Class

Mercedes E-Class го натпродаде Audi A6 на германскиот пазар