за

Марка од Виетнам со две светски премиери на салонот во Париз

vinfast sedan

Виетнамскиот производител на автомобили Vinfast ќе ги изложи своите први два модела на салонот во Париз, во почетокот на октомври

По само една година од основањето, првиот производител на автомобили од Виетнам најавува две моделски премиери за салонот во Париз (од 4-ти до 14-ти октомври). Лимузината и СУВ-моделот на марката Vinfast го носат потписот на мајсторите на дизајнот од Pininfarina. Виетнамската марка во соопштението открива дека во развојот на нивните возила учествувале „дизајнерски и инженерски претпријатија од Европа, коишто се вбројуваат меѓу водечките во светот.“

Финансиската поткрепа доаѓа од Vingroup, којашто е меѓу најголемите приватни претпријатија во Виетнам, со реализиран промет во висина од 3,3 милијарди евра во последната деловна година. Vingroup е водечко име во градежништвото и трговијата со недвижнини во Виетнам, а присутно е и во образованието, здравството, земјоделието, туризмот и трговијата на мало во земјата во југоистокот на Азија.

Мисијата на Vinfast е да понуди автомобили по достапна цена на целиот светски пазар. За таа цел, компанијата тврди дека има обезбедено раководен кадар од неколку водечки автомобилски фирми, кој ќе придонесе Vinfast за рекордно кусо време да се позиционира како успешна автомобилска марка на светскиот пазар.

vinfast suv

Џејмс Де Лука, генерален директор на VinFast Trading & Production LLC, порачува: „Ние располагаме со потребните ресурси, со неопходната флексибилност и со мотивацијата да станеме важен нов актер во глобалниот автомобилски сектор.“ При развојот на двата модела што ќе имаат премиера во Париз се почитувале меѓународните стандарди. За конечниот избор на дизајнот за двата модела решавал „виетнамскиот народ во октомври 2017 година.“

Продажбата во Виетнам треба да започне во септември 2019 година. Лани во септември, Vinfast започна со изградба на модерна фабрика во Хаи Фонг, во северниот дел од земјата, на површина од 335 хектари. Станува збор за еден од најголемите индустриски проекти што досега се реализирани во азиската држава.

Во почетокот се планира годишна продукција од 100.000 до 200.000 возила. Виетнамците планираат да достигнат продукција од половина милион автомобили веќе во средината на следната декада. Се најавува и „посебна серија од врвни автомобили“, исто како и електричен автомобил, којшто ќе се развива во Германија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar I-Pace drive

Електричниот Jaguar I-Pace е како веган во куќата на стекот

загаденост издувни гасови кабина

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот