за

Нова наградна игра на Макпетрол: Верна повторно наградува

макпетрол наградна игра верна повторно наградува

Макпетрол го стартува следниот круг од наградната игра за корисниците на програмата Верна. Со бодовите стекнати на станиците за гориво и продажните места на Макпетрол, 130.000 потенцијални корисници можат да се надеваат на освојување на главната награда во „Верна повторно наградува“, автомобил Honda Civic.

Секој наполнет литар гориво носи бодови, исто како и секој купен производ на станиците за гориво и продажните места на Макпетрол. Бодовите се собираат на картичката за локалност Верна и истите можат да се користат при купување производи од дополнителниот асортиман. Возачите не треба да направат ништо посебно да учествуваат во новиог круг од наградната игра на Макпетрол.

Едноставниот начин на користење, преку впишување поени при секое купување на нашите бензински станици, создаде голем броj задоволни корисници. Минатата година ја одбележаа активностите во име на 70-годишниот јубилеј на нашата компанија. Отворивме две нови бензински станици, реновиравме дел од постоечките и организиравме една од најголемите наградни игри во Македонија,“ истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг.

Макпетрол како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во Македонија и оваа година ќе продолжи со низата инвестиции за изградба на нови бензински станици како и модернизирање на постојните капацитети, со цел да се создадат подобри услови за корисниците

Верна повторно наградува“ започна на 1-ви март и ќе трае до 10-ти декември, а ќе се одвива во 8 редовни кола, 4 мастер кола и Финално Мастер коло. Секоја правилна трансакција носи по една шанса за извлекување, односно колку трансакции ќе се направат во тековното коло, толку има шанси за награда.

Принципот за учество во наградната игра е едноставен и веќе познат. Се што треба да се направи е при полнење на гориво или купување на производи од дополнителниот асортиман на бензинските станици на Макпетрол да се прикаже Верна картичка и да се направи трансакција која ќе содржи 10 или повеќе поени. Со тоа се станува потенцијален добитник во наградната игра.

Картичка Верна се добива со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол. Со првата трансакција од 10 поени се пристапува во новата наградна игра, „Верна повторно наградува“.

Главната награда во Верна повторно наградува е Honda Civic

Потрошувачите ќе бидат наградени со ваучери за Кристал Кар, 1000 Верна поени, ваучери за Лубекс моторни масла, ваучери за гуми, лаптопи Dell, како и викенди во хотелите на Макпетрол. Најсреќните ќе можат да уживаат во наградите од Мастер колата, а тоа се: Два скутери Honda, чамец со мотор Honda и приколка, автомобил Honda Jazz, а во финалното Мастер коло и Honda Civic.

Макпетрол отвори нова станица за горива во скопска Пинтија

Макпетрол се залага за метанот како ново алтернативно гориво во Македонија

Макпетрол воведува автоматско препознавање возила „Ултраматик“

Макпетрол отвора четврта станица за полнење метан во возилата

Макпетрол воведе ново дизел гориво со биокомпонента Ултра Дизел Био Џет

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i3 стоилјади примероци,

BMW напредува, но Mercedes напредува повеќе

mercedes fabrika baterii tajland

Mercedes вложува 100 милиони евра во фабрика за батерии во Тајланд