за

Копенхаген е најдобар град за возење велосипед во светот

Велосипеди најдобри градови
Велосипеди најдобри градови

На секои две години се пресметува индексот на „копенхагенизација“, односно се прогласуваат градовите што во светски рамки се најдобри за возење велосипед. Од повеќе од 600 градови, се објавува список само со 20-те најдобри средини за превозот што освојува сé повеќе, особено во големите градови.

Копенхаген, Амстердам и Утрехт. Тоа се главните светски престолнини на велосипедот, според таканаречениот индекс на копенхагенизација. Трите градови долги години се појавуваат на врвот на списокот, единствено им се менува распоредот. Најблиску до нас, од градовите што се најдоа во Топ 20 за оваа година е Љубљана, на 14-то место. Ова не е врвно достигнување за словенскиот град во когошто секој забележува дека приоритетот го имаат луѓето, пред автомобилите – годинава, градот на Љубљаница се најде шест места подолу од лани.

За пласманот најмногу решаваат уделот со кој велосипедот учествува во сите видови превоз во градот, како и бројот на велосипедски патеки што се одвиени од сообраќајот со автомобили. Најдобриот град во тој поглед, Копенхаген, постигнува 90,2 проценти.

Три светски градови се појавуваат првпат во велосипедскиот топ 20 годинава

Расте бројот на градови ширум светот, кои даваат сé поголемо значење на велосипедот. Во велосипедскиот Топ 20 има три „новодојденци“: Тајпеј, Богота, Ванкувер. Во исто време, градовите како норвешкиот Осло, продолжуваат да вложуваат масовно во велосипедизмот, па тоа им носи само натамошен напредок на ранг листата.

Индексот го пресметува данската фирма за урбано планирање „Copenhagenize“. Се оценуваат условите и политиката во преку 600 големи и главни градови на светско ниво. Во конечниот избор се пласираат единствено градовите во коишто велосипедскиот сообраќај постигнува удел од најмалку 2 проценти.

Топ 20 светски градови за возење велосипед за 2019 година

Место
Град
Удел (во %)

1 (1)

Копенхаген

90,2

2 (3)

Амстердам

89,3

3 (2)

Утрехт

88,4

4 (7)

Антверпен

73,2

5 (4)

Стразбур

70,5

6 (6)

Бордо

68,8

7 (19)

Осло

62,5

8 (13)

Париз

61,7

9 (12)

Виена

60,7

10 (18)

Хелсинки

59,8

11 (-)

Бремен

58,9

12 (-)

Богота

58,1

13 (11)

Барселона

57,4

14 (8)

Љубљана

57,1

15 (10)

Берлин

56,3

16 (9)

Токио

55,4

17 (-)

Тајпеј

54,5

18 (20)

Монтреал

53,6

18 (-)

Ванкувер

53,6

20 (17)

Хамбург

52,7

(во заграда е местото од претходното рангирање)

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Fiat 500 Dolcevita

Fiat 500 Dolcevita во знак на слаткиот живот во 1950-те

Radical Rapture

Radical најрадикално: Новиот болид за улица е Rapture