за

USB стик со приклучок Lightning од SanDisk

Стикот со мемориски капацитет до 64GB овозможува едноставна размена на фотографии, видеа и други податоци меѓу iPhone, iPad, како и меѓу Mac и Windows-PC.

SanDisk понуди USB стик со приклучок Lightning за локална размена на податоци меѓу уреди со iOS и Mac или Windows-PC. Стикот со име iXpand, преку соодветна апликација за iOS презема фотографии, видеа и други податоци. Корисникот може да избере фотографиите да се пренесуваат автоматски на стикот, кога тој ќе се приклучи на iPhone или iPad. Покрај тоа, апликацијата директно ги репродуцира филмовите што се снимени на iXpand и подржува контејнер формати, како .mkv. Постои можност софтверот да ги кодира снимените податоци и повторно да ги декодира на Mac или Windows-PC.

iXpand може да се користи на уред iOS со приклучок Lightning и најмалку iOS 7.1. Изведбата од 16GB чини 60 долари, а стикот со мемориски капацитет од 64GB се нуди по цена од 120 долари. Стикот може да се нарача преку продажната мрежа на SanDisk во САД, а до крајот на месецот ќе биде достапен и глобално.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возењето во двосед од формула 1 звучи подобро отколку што изгледа

Nissan GT-R во земјата за возење од соништата