172
22 shares, 172 points

Шведската стартап-компанија Uniti ги отвори нарачките за својот електричен автомобил. Неколку индустриски моќници стојат зад компанијата којашто планира своите возила на батерија да ги произведува ширум светот, секаде по цена на локалното производство.

Шведскиот производител на електрични автомобили Uniti добива финансиска поддршка од гигантите Siemens, Kuka и BorgWarner. Првите примероци од Uniti One ќе бидат изработени во ексклузивна серија и ќе чинат по 20.000 евра. Подоцна ќе биде понудена и подостапна изведба на моделот, со цена до 15.000 евра. Средствата за развој на возилото беа обезбедени преку таканаречено финансирање од толпа.

Испораката на автомобилот од сериско производство ќе започне уште годинава. Шведскиот стартап применува единствен концепт на прозиводство. Главната замисла е возилата да се изработуваат ширум светот, во фабрики што ќе ги исполнат условите за добивање лиценца. Соодветно на тоа, локалната цена на Uniti One ќе се разликува од земја до земја, зависно од местото на производство.

Цената во Австралија ќе изнесува 20.000 австралиски долари, односно 12.300 евра. Како локација за производство е избрана Аделаида, поради тоа што градот ја поседува инфрастуктурата и има обезбедено законска рамка, како неопходни услови за автономно возење од 4-ти и 5-ти степен.

Во Индија се планира продажба на половина милион примероци од Uniti One до 2024 година

Во текот на годинава ќе се изгради и фабрика во Индија. Покрај изведбата со две седишта, таму ќе се произведува и поголема верзија со место за пет патници. Цената на Uniti One на тамошниот пазар ќе изнесува 9.000 евра. Планот е до 2024 година да се продадат половина милион возила на индискиот пазар.

Пилот-фабрика е планирана во Англија. Првите примероци од Uniti One ќе се произведат во Силверстоун. Цената на основниот модел на европскиот пазар ќе изнесува 14.900 евра. Изведбата со полна опрема ќе чини околу 20.000 евра. Возилото поседува батерија од 22 киловатчасови, со којашто постигнува досег до 300 километри. Крајната брзина изнесува 130 km/h.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
22 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *