за

Тандем од Mercedes Unimog влече 200-тонски воз во Амстердам

unimog amsterdam metro tandem
unimog amsterdam metro tandem

Две возила Mercedes Unimog се користат за секаква примена во сервисирањето на градскиот превоз во Амстердам. Неодамна е пуштена нова линија на метрото, од којашто седум километри се под земја. Во случај на дефект, овие двајца универзалци можат самостојно да ја повлечат композицијата тешка преку 200 тони.

Амстердам доби нова линија на подземната железница, од чиишто 9,7 километри вкупна должина, 7,1 километри се под земја. Доколку возот запре поради дефект, мора да се интервенира брзо. За таа цел се предвидени два примероци од мултилалентот Mercedes Unimog, кои се приспособени да се движат по шини. Тандемот е доволно можен да го извлече 200-тонскиот воз од тунелот, притоа совладувајќи и нагорнина од 4 проценти.

Станува збор за моделска изведба U 423 со мотор со моќност од 231 КС и вртежен момент од 900 њутнметри. Техниката за Unimog да се движи по шини доаѓа од специјалистот Zagro во германскиот град Бад Рапенау. Возилата дополнително се опремени со посебна спојка, за моќта ефикасно да се пренесува врз шините.

Unimog не случајно го носи името: Тоа е најуниверзалното возило во свет, меѓу другото благодарение на генијалниот модуларен концепт, кој овозможува додавање буквално секаков вид надградби

Двете возила во служба на амстердамското метро имаат различни надрадби. Едниот Unimog поседува затворен контејнер, пневматска сопирачка за вагон и хидрауличен систем за поставување на шини, и се користи за секаква примена. Другото возило, пак, опремено е со товарен кран и се користи за замена на свртниците или за влечење работни машини.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Градското претпријатие за јавен транспорт на Амстердам, GVB, покрај метрото, врши и превоз со трамвај, градски автобуси и траекти. Годишно се превезуваат 227 милиони патници и, со 5.000 работници, компанијата е еден од најголемите работодавци во холандскиот град.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus concept tokyo motor show 2019

Lexus најавува електричен старт преку концептот за Токио

мис тјунинг календар 2020

Календар со Мис Тјунинг ќе направи секој ден да биде празник