163
21 shares, 163 points

Unimog во своите седумдесет години учествувал во голем број научни експедиции, во секој крај на планетава и во сите климатски зони. Последниот негов подвиг е превезувањето на десетчлена експедиција до највисокиот вулкан во светот, до Охос дел Саладо во Чиле.

Два примероци од Unimog U 5023 се искачија на највисокиот вулкан во светот, со цел десетчлениот тим да постави четири системи за итна дојава на различни висини на вулканската планина. Системите имаат за цел да ја подобрат безбедноста на планинарите, како и на научниците. Охос дел Саладо е највисок активен вулкан во светот, со 6.893 метри. Вулканот е дел од пустината Атакама, којашто се вбројува меѓу најсушните предели во светот, а воедно и дел од Огнениот појас на Пацификот.

Откако тимот се искачи на кампот Амистад на 6.100 метри со двата Umimog U 5023 и ги постави четирите системи за идна дојава, предизвикот продолжи на уште поголема висина, со цел да се постави рекорд за возило со тркала. Така и се случи, новиот рекорд изнесува 6.694 метри. Тоа е најголема висина на којашто се има искачено возило досега.

Двата примероци на Unimog, кој е производ на одделението за специјални камиони на Mercedes-Benz, поседуваа специјални гуми, моќен чекрк за извлекување и специјална надградба за варирање на тежиштето, изведена од партнерот AS Soder и од инженерите во развојното одделение на Unimog.

Експедицијата ја предводеше Матијас Јешке, сопственик на фирмата Extrem Events, кој во 2014 година го постави досегашниот рекорд со Mercedes Zetros – и сега го подобри сопствениот рекорд.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *